Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Самолеплива гума од Continental
09.02.2008
conti-seal-tyre-system-1.jpgГерманскиот гумарски гигант Continental разви гума која се поправа сама. Новиот систем наречен CоntiSeal треба да им помогне на возачите безгрижно да патуваат без страв од дупнати гуми.

Технологијата првенствено е предвидена за патнички автомобили, а се состои од еден вид густ премаз во внатрешноста на гумата по цела ширина на газечката површина.

Овој густ премаз трајно ја закрпува дупката доколку клинец или некаков друг остар предмет ја пробие гумата. Воедно премазот ги затвора, односно пополонува дупките што настануваат по отстранување на предметот. Но, само доколку во пречник не се поголеми од пет милиметри. Што значи дека сеуште ќе имаме потреба од вулканизер.

Во Continental ги истакнуваат предностите на својот систем ContiSeal во однос на технологијата RFT - Run Flаt Tyre која бара дополнително зајакнување на страничните ѕидови на гумата и користење на скапиот систем за предупредување во случај на понизок притисок во гумата. Исто така гумите опремени со ContiSeal можат да се монтираат на било кој стандарден бандаж.

Коментарите дека системот не е совршен се однесуваат на отсуството на сензори кои покажуваат евентуално смалување на притисокот во гумата. Ова може да резултира со возење на потенцијално опасна гума, ослабена од настанатото оштетување што на крај би довело до несреќа.

Сепак, во Continental се сигурни во ContiSeal и гумите ќе се појават на пазарот кон средина на годината.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook