Get Adobe Flash player
Сателитската навигација штеди гориво
06.05.2008
tomtom-sat-nav-1.jpgНедовербата во системот за сателитска навигација е минато. Оваа преку потребна алатка се почесто станува дел од опремата во автомобилите, а нејзината улога полека се проширува.

До сега знаевме дека единствената задача на сателитската навигација е пронаоѓањето на вистинскиот пат до одредена цел. И сеуште е така но, Honda веќе успеа да имплементира новини кои го предупредуваат возачот од потенцијални криминални зони, а испитувањата спроведени од компанијата за производство на овие уреди, TomTom, кои се прoдаваат како дополнителна опрема докажаа нешто друго.

Имено со користењето на уредот за сателитска навигација во просек секој автомобил заштедува до 16 проценти гориво. Помалата потрошувачка значи и помала емисија на издувни гасови и помалку одвоени средства за гориво секој месец за корисниците.

Генералниот менаџер на TomTom, Жил Шримптон во своето излагање вели дека намалената потрошувачка е во директна врска со покусото растојание до одредена дестинација определено со помош на системот за навигација и предупредувањата за можни метежи во сообраќајот. „Ние веруваме дека навигацијата е од исклучително значење за безбедноста и за заштитата на животната средина,” констатираше на крајот од своето излагање Шримптон.

Предноста на личниот уред за сателитска навигација е што нема ограничувања од типот на она на Honda за предупредување од кражба кое функционира само во нивните автомобили.

Системот на TomTom е назависен, а некои модели можат и да се носат во џеб додека одите пешки за полесно снаоѓање низ пешачките зони. Иако компанијата се обидува да стане добавувач на некој голем автомобилски гигант, сепак, истакнува дека ужива во позоцијата на независен производител чие знаење и средства се насочени само кон една цел.

Со ова според нив се снижуваат трошоците на развој и производство, се овозможува брзо и лесно имплементирање и поврзување со останатите системи.

 

 

 

Facebook