|
02.06.2008 |
Развојниот центар на Seat и Telefonica
Espana работат на нов проект наречен eCar чија цел е
соединување на новите технологии за информирање, комуникација и забава во еден
систем.
Експертите во Seat тврдат дека
проектот еCar ќе биде првата сервисна платфрома која ќе биде создадена
специјално за така наречениот Connetcted Car или конектиран автомобил. За што
станува збор.
Во Seat под Connected Car подразбираат интелигентен систем кој
собира податоци за возачот, за автомобилот и околината и врз основа на собраните
податоци способен е да понуди различни форми на забава, но и напреден начин на
комуникација како за возачот така и за патниците.
Тие се надеваат дека комбинацијата од понуда на подобри
услуги и соодветни информации за возачот и поедноставен начин на остварување на
комуникација ќе ја подобри безбедноста и аналогно на тоа ќе ги намали
сообраќајните насреќи.
еCar покрај богатата инфотејнмент понуда, содржи и систем кој
сам повикува полиција или соодветни служби во случај на несреќа и сателитска навигација
способна да користи GoogleMaps заради олеснување
на навигацијата.
Покрај возачот од еCar ќе
профитираат и патниците бидејќи добиваат напреден систем за забава кој го
олеснува патувањето, пристап до интернет, можност за приклучување на повеќе
телефони и сето тоа е достапно преку touchscreen монитор од течни
кристали или преку гласовни команди.
|