Општо познатите методи на отворање на прозорите за да
влезе свеж воздух и појачување на гласот на аудио системот во автомобилот за да
останете будни на долг пат даваат просечни резултати.
Затоа производителите на автомобили напорно работат на
изнаоѓање на решенија кои ќе ги држат возачите будни, односно ќе ги спречуваат
да заспијат додека се зад волан.
Mercedes на пример работи на систем кој користи детектор што го
скенира лицето на возачот и е поврзан со софтвер кој пак донесува заклучок дали возачот
станува поспан.
Toyota, верува дека решенито е во
седишта во кои се вградени сензори што го детектираат притисокот и откриваат
промени во пулсот и дишењето на возачот преку кои се донесува заклучок дали тој
е поспан или не.
Научниците во Политехничкиот институт Ренсилер во Њујорк
велат дека имаат поинакво решение за проблемот кое е многу едноставно. А се
состои во поставување на светлечки диоди или LED во
кабината.
Првичните тестови даваат охрабрувачки резултати. Имено
измерено е дека со емитирање на сина светлина со одредена брановадолжина
вниманието на возачот се зголемува, место да се намалува, и се ресетира
биолошкиот часовник на телото, со што возачот останува буден.
Проблемот со оваа метода е што може да функционира само
ноќе, но истражувачите веќе испитуваат како синото светло влијае врз вниманието
на возачите и дење, а испитувањето се врши и на наспани и на ненаспани
субјекти.
Овие материјали им се презентирани на неколку
производители на автомобилски делови, но тие велат дека проектот иако прикажува
интересни резултати сепак, сеуште е во рана фаза на развој.
|