Ford излезе со соопштение дека ќе стартува со вградување на воздушни ремени во
своите сериски автомобили, а првиот модел којшто ќе ги носи е еден
најпродаваните SUV во САД, Explorer.
Од Ford
истакнуваат дека одлучиле во серија да ги понудат обеденити
двата системи кои најмногу помагаат за спасување на човечки животи во случај на
сообраќајна незгода. Ремените и воздушните перници.
Постојаните истражувања при развојот на овој нов систем
покажале дека цилиндричните воздушни перници вметнати во ремените при судар
помагаат рамномерно да се распредели оптоварувањето врз градниот кош на
патниците.
Инженерите наFord заклучиле дека активирањето на воздушната перница во ремените нетреба да
се активира при секој судар. Дури и ако се отворат соатанатите воздушни перници
не значи дека и таа треба да се надува.
Надувувањето на воздушната перница во ременот ќе се
случува само при навистина критични ситуации и тешки судари. Одлуката за кога
тие треба да бидат отворени ја носи посебен систем т.н. центар за управување со
безбедносните системи на автомобилот.
Развојот на новиот систем не течел едноставно. Инженерите
наFord велат дека требале да се решат цела низа на технички и технолоќки проблеми
за да се дојде до конечниот продукт.
Еден од најголемите проблеми бил начинот на кој ќе се
надувуваат. Користењето на пиротехничките патрони било невозможно заради
високата температура и врелите гасови кои се испуштаат.
Затоа инженерите успеале да најдат решение во користењето
на специјален оладен гас кој ја држи температурата при надувување на задоволнително
ниско ниво кое не би можело да би де штетно по патниците.
Одговорните воFord одлуката првите ремени на надувување да бидат вградени во Explorer ја оправдуваат со популарноста на овој модел пред се кај семејствата.
Имено во САД,
Explorer се смета за типичен семеен автомобил.
Од Ford се користат со уште еден маркетиншки потег за воздушните ремени. Тие на
почеток ќе се вградуваат само на задните седишта. Оваа одлука повторно цели кон
семејствата бидејќи нема родител што не сака дополнително да го заштити своето
дете.
Воедно на одлуката и претходи и истражување во кое се
вели дека дури и во САД ремените на задните седишта ги користат едвај 60% од
патниците. Па со вградувањето на воздушните ремени одзади тие очекуваат дека
овој процент ќе порасне и ќе се претвори во навика за врзување исто како со
ремените напред.