Get Adobe Flash player
Со менување на боја предупредува од мраз
15.04.2008
rozovo-predupreduvanje-1.jpgОва не се однесува на некоја нова автомобилска направија спремна за во 21. век, бидејќи, нели, во тоа време ќе се возиме со летечки возила и нема да зависиме од коефициент на триење.

Но, тоа во 21. век, или, можеби во 22. век. До тогаш ќе внимаваме на евентуална голомразица и на општта состојба на патиштата и на временските услови, а ќе зависиме од службите кои ги чистат патиштата и посипуваат сол.

Чистењето на патиштата е неопходно поради снежната покривка која може да го заглави сообраќајот, но истурањето сол бара внимание бидејќи им штети и на патиштата и на возилата и претставува голем финансиски проблем.

Затоа најдобро би било кога би се нашол начин за предупредување на возачите дека коловозот е лизгав и бара поголемо внимание и кога истото предупредување за службите би значело дека е дојдено вистинското време за посипување со сол.

Секако ова не е утопија. Француската компанија Eurovia има решение. Нивните истражувачки тимови развиле еден вид фирнајз или боја со кој се премачкуваат линиите што ги означуваат коловозните ленти дел и кој е остелив на температура и ја менува бојата обезбедувајќи визуелна идентификација на возачите дека патот се смрзнат или е во фаза на смрзнување.

Откако температурата ќе се качи 1 степен целзиусов над нулата тогаш бојата се враќа во нормала. Односно станува бела, додека на температура на која пшостои опасност од смрзнување бојата се менува во розова.

Едно вакво предупредување од исклучително голема важност. Возачите веднаш знаат какви услови ги очекуваат, а службите без да вршат дополнителни мерења едноставно при рутинска контрола јавуваат на кои патен правец има потреба од посипување со сол со што се заштедува и време и пари.

Во моментално се вршат опсежни тестирања на издржливост на неколку патни правци во делови Франција каде обилните снежни врнежи и лошото време трае повеќе месеци во годината.

И доколку бојата се покаже како доволно издржлива се очекува наскоро да биде применета низ цела Франција, а можеби и пошироко.

Доколку така стојат работите и доколку кај нас во некоја од следните зими конечно падне снег или се појави голомразица би било убаво додека патуваме да ги видиме розевите ленти како не предупредуваат за условите на патот пред нас.

 

 

 

Facebook