Get Adobe Flash player
Светла со светлечки диоди во Lexus LS 600h
14.05.2007
lexusledLS 600h на Lexus ќе биде првиот сериски автомобил со светлечки диоди како предни светла откако системот ќе почне да се нуди на пазарот летово. Покрај тоа, LS 600h е првата луксузна лимузина со хибриден погон.


Во споредба со обичните халогени и ксенонски светла, диодите што емитуваат светлина (ЛЕД) нудат бројни предности. Просечната трајност на една ЛЕД изнесува 15 години при ист интензитет на светло и непроменета боја и со тоа нема потреба од менување сијалички за целиот експлоатационен век на автомобилот. ЛЕД одушевуваат и со брзата реакција - целата силина на светлото стои на располагање за само 0,1 секунда. Следна предност е подоброто расфрлување на светлото отколку кај обичните светла.

Потребата од струја на светлечките диоди е пониска отколку кај халогената или ксенонската техника, што се одразува поволно врз потрошувачката на гориво.

Двата модула на предните светла на Lexus LS 600h се составени од по три леќи со ЛЕД за собореното светло, два ЛЕД за осветлување непосредно пред возилото и ксенонски долги светла, вклучувајќи позициско светло и трепкач. Секоја од петте светлечки диоди во светлото покрива посебно подрачје од патот. Трите проекциски леќи за совореното светло се поставени еднододруго на иста висина во горниот дел од светлото. Еден ЛЕД осветлува далеку, вториот го покрива подрачјето лево пред возилото, а третиот го покрива десното подрачје. Покрај тоа, две параболични ЛЕД во долниот дел од светлото го осветлуваат подрачјето непосредно пред возилото. Автоматска контрола на висината на светлосниот сноп спречува заслепување на возилата отспротива.

Во комбинација со динамично регулираното светло за свијоци i-AFS светлата со ЛЕД на Lexus LS 600h нудат придонес за сообраќајната безбедност: зависно од аголот на вртење на воланот и брзината на возење модулот на предните светла се врти до 15 степени за да го подобри осветлувањето во свијоци и навреме да се препознаат опасностите. При ниска брзина, на пример при вртење на крстосница, светлата се авртуваат за дури 20 степени.

 

 

 

Facebook