Get Adobe Flash player
Volkswagen Park Assist Vision
08.05.2008
vw-park-assist-1.jpgНа саемот во Хановер, Volkswagen премиерно на светот му го претстави системот за помош при паркирање наречен Park Assist Vision, кој самостојно го паркира автомобилот.

Автомобилот кому му припадна честа да го претстави системот на светската јавност е Passat Variant. Целата работа функционира отприлика вака:

Passat Variant застанува, возачот излегува и ја затвора вратата зад себе и како се оддалечува од автомобилот го насочува далечинското кон него. Автомобилот почнува сам да го изведува маневарот за паркирање на назад на паркинг местото што само го избрал претходно, а по пракирањето сам го исклучува моторот, ја активира паркинг сопирачката и ги заклучува вратите.

Оваа демонстрација можеше да се види во живо во Хановер и докажа дека системот Park Assist Vision може да паркира автомобил апсолутно прецизно секаде каде што ќе пронајде соодветно место, дури и онаму каде што е претесно за возачот и патниците да можат да излезат по паркирањето или да влезат во автомобилот кога ќе одлучат да си заминат.

Откако веќе го лансираше полуавтоматскиот систем – управувач за паркирање или park – steering system во Touran, Tiguan, Passat и Passat Variant кој помага при паралелно паркирање VW сега претставува концепт способен и за косо и право паркирање.

Се што треба да направи возачот е да го одбере пронајденото слободно место на мониторот од системот за навигација и да ја префли со рачката од менувачот DSG во позиција P (park) и да излезе од автомобилот. Секако доколку сака возачот може да остане и во него.

Камери и ултрасонични сензори помагаат во паркирањето

Две камери лоцирани на надворешните ретровизори го проценуваат местото птребно за паркинг. Двата видео сигнали се пренесуваат до компјутер кој ги анализира и испраќа команда до управувачот и останатите системи кои го задвижуваат автомобилот.

Park Assist Vision го паркира автомобилот користејќи електромеханички систем за задвижување на управувачот, електронска сопирачка, дава команди на менувачот DSG и на управувачката електроника на моторот.

Две дополнителни камери сместени напред и назад на возилото и ултрасоничниот сензор ја надгледуваат и контролираат целата постапка и доколку е потребно го запираат автомобилот.

Исто така и возачот во било кој момент може да го прекине самостојното паркирање со помош на далечинското.

 

 

 

Facebook