Get Adobe Flash player
Volkswagen тестира Car-2-Car комуникација
04.11.2008
vw-car-2-car-1.jpgПроизводителот од Волфсбург започна да тестира систем за меѓусебна комуникација меѓу автомобилите наречен Car-2-Car со што го втемелува патот за побезбеден прeвоз во иднина.

Системот што го развива Volkswagen не се темели само на меѓусебна комуникација меѓу автомобилите од ист производител, туку целта е да се постигне комуникација меѓу автомобили од различни производители.

Само на овој начин ќе се подобри безбедноста на патиштата уверуваат од Volkswagen. Токму поради потребата за комуникација на поразвиено ниво, покрај Volkswаgen со тестирање на вакви системи почнуваат и Nissan и General Motors за кои ќе пишуваме.

Создавањето на ваков универзален стандард за комуникација ќе им овозможи на автомобилите да разменуваат важни информации. На пример доколу еден автомобил се сретне со проблеми на пат како што се густа магла, мраз на патот, сообраќаен метеж, силно невреме кое го отежнува возењето, ќе ја испрати оваа информација до сите возила кои се во близина.

Ова значи дека генерално сите возачи кои наближуваат до одредениот регион кој е зафатен со отежнати услови на возење ќе бидат информирани за она што ги очекува. Така тие ќе можат да ја прилагодат брзината на движење и ќе имаат време да се подготват.

Тестирањето на системот Car-2-Car се одвива на тест полигонот на Volkswagen во германскиот град Дуденхофен. Во моментов со овој систем се опремени само две возила на Volkswagen кои се наоѓаат на полигонот.

Станува збор за еден Passat и за еден Golf кои делуваат како испраќачи на информација, приматели, но и трансмитери, односно добиената информација ја пренесуваат понатаму.

За размена на информациите меѓу возилата се користи безжична LAN технологија. Тестовите се прават со симулирање на повеќе сообраќајни ситуации како мотоцикл на крстосница, возило паркирано на пат, работа на патот, па дури и полициска патрола во контрола, но и во акција.

Пристапот до информациите се одвива преку т.н. Порта во автомобилот или CarGate, а идејата според која функционира е многу едноставна.

Системот создава апстрактни знаци од информациите за возилото како што се неговата патна брзина, бројот на вртежи на моторот, бројот на вртежи на тркалата, евентуално пролизгување на тркалата, вклучени трепкачи за тревога и истите ги испраќа до останатите возила, кои пак, му сигнализираат на возачот информирајќи го за она што се случува со возилото пред него и на тој начин му помагаат да се подготви за условите на возење што го очекуваат.

Идејата за системот Car-2-Car не е нова. Vokswagen ја изнесе уште во 2004 пред конзорциум од повеќе европски производители Audi, BMW, DaimlerChrysler, Fiat и Renault во обид оваа идеја да се реализира и да се претвори во секојдневие.

Програмата на Volkswagen, Car-2-Car стана дел од европската иницијатива за Интелигентен автомобил која директно го помага развојот на вакви проекти преку кои со користење на комуникациските технологии за размена на информации ќе се намалат сообраќајните несреќи и сообраќајниот метеж.

 

 

 

Facebook