Get Adobe Flash player
Volkswagen Viseo: електричен концепт
13.11.2007
vw-viseo-1.jpgЧат пат се појавуваат концепти на возила кои ги радуваат вљубениците во нови технолигии, но тажно е ќе сватиме дека најчесто овие возила се креации на индивидуалци кои никогаш нема да заживеат.

Но, понекогаш производителите на автомобили соработуваат со овие индивидуалци за да помогнат да се создаде концепт кој потенцијално може да претставува дезајнерска и конструкциска иднина за нив.

Пред нас е концептот наречен Volswagen Visio создаден од германскиот студент на дизајн Марк Кирш во соработка со Volkswagen Design.

Viseo е електричен автомобил со три седишта со дизајнерски стил инспириран од архитектот Сантијаго Калатрава (Santiago Calatrava) и неговите архитектонски зданија.

Задниот дел од автомобилот може да се откачи и да се користи како куфер. Останатите детали на концептот вклучуваат голема стаклена површина која ја покрива и органски светлечки диоди чива електролуминисцентна обвивка се состои од филм од органски компоненти.

Обвивката најчесто содржи супстанци од полимер кои овозможуваат таложење на соодветни органски компоненти. Тие се таложат во редови и колони на еден рамен носач со едноставен процес на печатење. Вака создадената матрица од пиксели може да емитува различни бои.

Овие системи се користат за телевизиски екрани, компјутерски дисплеи, а наскоро треба да се очекува да се користат за осветлување.

Вградувањето на вакви органски светлечки диоди ги поедноставува светлосните системи кај автомобилите. Една органска LED ги заменува долгото, средното и краткото светло, трепкачите, светлата за магла, позицијата и стоп светлото.

vw-viseo-2.jpgvw-viseo-3.jpg

 

 

 

Facebook