Да се биде зелен очигледно е „In” на
претстојниот салон на автомобили во Франкфурт, бидејќи безмалку секој
производител ќе претстави некаква зелена технологија или хибриден концепт.
Volvo е еден од ретките производители што до сега не
претставиле некако хибриден автомобил. Но, швеѓаните имаат намера сето тоа да
го сменат. И да станат многу позелени од останатите.
Концептниот хибрид на Volvo, ReCharge, кој ги
полни батериите со приклучување на електричниот систем за домќинствo е развиен
од инженерите вработени во центарот на Volvo во
Калифорнија и вози со помош на четири електрични мотори сместени во главчинaта
на секое од тркалата.
Моторите добиваат енергија од литијум-полимер батерии кои
се полнат на стандарден напон од 220 волти или 110 волти за возилата наменети
за американските купувачи.
За да не биде препуштено само на електрика под предната
хауба се наоѓа четирицилиндричен бензинец кој остварува 100 коњски сили. Но,
бензинецот е помошен агрегат бидејќи автомобилот на електрика може да прејде
добри 100 километри пред да го потроши џусот од батериите.
Кога наполентоста на батериите ќе падне под 30 проценти
тогаш бензинецот се вклучува и почнува да ги полни. Бензинецот не е
единствениот напојувач, бидејќи батериите веќе вообичаено се полнат од
енергијата добиена од сопирање и при забавување.
Во зависност од растојанието што треба да се помине и
режимот на експлоатација зелениот автомобил на Volvo во просек
троши меѓу 0 и 5,5 литри на 100 изминати километри.
Концептот ReCharge е направен на
основата на С30, а со него го дели дури и шик ликот.
Volvo нагласува дека оваа нова генерација на хибриди кои се
напојуваат од електричниот систем не е како сегашните автомобили кај кои
хибридниот погон само асистира на кратко и има улога на помошник.
ReCharge е направен да вози примарно на електрична енергија,
додека класичниот мотор ја има улогата на помошник.
Компанијата одвои 1 милијарда долари наменети за развој
на хибридните автомобили. А ReCharge e добар пример дека вложените средства
даваат резултат.

|