Само што помисливме дека Volkswagen заврши со концептот
up! на ред дојде сосем нова верзија со, на светот, првата горивна ќелија која
работи на висока температура и литиум-јонска батерија.
Возејќи само на електрична енергија моторот од 60 коњски
сили му овозможува на space up! да прејде 105 километри, што е повеќе од доволно за
дневните потреби за низ град.
Новата горивна ќелија е значително полесна од сегашните
системи, па така автомобилот натоварен плус со литиум-јонските батерии и
електричниот погон тежи точно 1.090 килограми распоредени на должина од 3.680
милиметри, ширина од 1.630 и висина од 1.570 милиметри. Со овие димензии space
up! нуди простор на значително поголем автомобил.
Неговиот мотор кој има нула емисија на издувни гасови
работи одзади. Испорачува вртежен момент од 120 Nm веднаш по
стартот и достигнува максимални 10.000 вртежи. Ова е доволно за space
up! да забрза до 100 km/h за 13,7 секунди и да достигне максимална брзина од 120 km/h.
Заедно со моторот во задниот дел од возилото, поточно под
задната клупа се сместени и литиум-јонските батерии. А напред под хаубата е
сместен системот со горивните ќелии.
Сегашната технологија им дозволува на горивни ќелии да
работат во определен температурен распон. Доколку температурата се зголеми
премногу, производството на енергија престанува. Токму поради ова сите познати
системи на горивни ќелии имаат релативно големи и комплексни системи за ладење
и за одржување на влажноста.
Новата конструкција на VW има посебна
мембрана сочинета од електроди кои и помагаат на горивната ќелија да биде
поефикасна на висока температура и воедно поради релативно едноставната градба
ја снижуваат цената на чинење и хендикепот на прекумерната тежина.
Литиум-јонските батерии во space up! се полнат
со електрична енергија или преку надворешен приклучок од стандардната
електрична мрежа, или преку горивните ќелии. Во вториот случај автономијата на space
up! се зголемува за дополнителни 250 километри. Но, ова не се единствените начини
преку кои автомобилот доаѓа до електрична енергија.
Концпетот space up! исто така црпе
енергија од сонцето со помош на големиот панел од соларни ќелии сместени на
кров. Тие обезбедуваат до 150 вати енергија која дополнително ги освежува
батериите.
|