Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
ZEV што вози на фосилно гориво
15.02.2008
zero-fossil-vehicle-1.jpgТокму така, станува збор за возило што има нула емисија на издувни гасови или ZEV Zero Emission Vehicle, а сепак енергијата за движење ја добива од фосилни горива како бензин и дизел.

Возилото е дело на истражувачкиот тим од Институтот за технологија на Џорџија, САД кој успеал да развие систем што го складира и го рециклира јаглеродниот диоксид.

Концептот користи обично гориво кое се точи на пумпа, но за разлика од обичните возила кои го јаглеродниот диоксид го испуштаат во атмосферата овде тој останува во возилото и подоцна се преработува. Потоа може да се врати во фабрика за преработка на СО2 и повторно да се претвори во гориво.

За што станува збор. Истражувачите успеале да направат систем за преработка кој е сместен во возилото и кој го одвојува водородот во горивото од јаглеродот. Па така потоа за задвижување на возилото се користи чист водород, додека јаглеродот е складиран во течна состојба во посебен резервоар.

Вака добиениот јаглерод се чува во возилото се додека не дојдете до соодветна пумпа каде се исцрпува и подоцна се носи на преработка. Првите резултати од тестирањето се охрабрувачки. Системот работи сигурно без проблеми, но сепак, станува збор за концепт кој е во почетна фаза на развој.

Но, покрај завршувањето на системот пред истражувачите се исправува уште еден многу поголем проблем. А тоа е технологијата да се изнајде начин технологијата да се применува во секојдневието.

Доколку и ова им успее тогаш развојот на скапите хибриди и останати системи ќе може да се префрли на друг колосек и на крајот да завршиме возејќи автомобили на водорот кои ќе немаат скапи резервоари и системи за одржување на гасот во течна состојба.

Значи ќе имаме евтина и чиста мобилна иднина.

zero-fossil-vehicle-2.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook