Get Adobe Flash player
ZF: диференцијал што распределува вртежен момент
19.06.2007
zfdiferencijalСнабдувачот на компоненти за автомобилиската индустрија ZF создаде нов диференцијал за задна оска кој го распределува вртежниот момент независно за левото и за десното тркало.

Ваквиот начин на распределба на моќноста треба да го стабилизира автомобилот и да ги подобри возните својства додека обезбедува подобра управливост во критични ситуации.

Кога се вози на правец новиот диференцијалот што го распределува вртежниот момент делува како обичен диференцијал дистрибуирајќи ја моќноста подеднакво на двете тркала.

Вртежниот момент се распределува индивидуално на секоа тркало во свијок. Распределбата се контролира преку електромеханички управувани повеќеламелни сопирачки сместени на излезите за полуоски на диференцијалот.

Новиот систем е планиран за сериско вградување во автомобилите на BMW и ќе биде достапен и за моделите со погон назад и за моделите со погон на четири тркала. Вториве ќе го користат диференцијалот само за задна оска.

Сеуште нема најава на кој модел на BMW ќе дебитира овој високотехнолошки распределувач на вртежниот момент.

 

 

 

 

Facebook