Get Adobe Flash player
Прво возење: Chevrolet Captiva
30.03.2007
captivanСовремената техника, привлечниот дизајн, квалитетната изработка и моќните мотори ќе ја вивнат Captiva во облаци

Chevrolet изненадува со својата моделска програма. Настапува сe поагресивно на европскиот пазар и освојува с¢ повеќе купувачи. Откако Spark, Aveo, Lacetti и Nubira се одомаќинија и ги зазедоа првите места во продажбата на ред дојде големата лимузина Epica. И додека фамата околу неа с¢ уште не беше стивната, Chevrolet изненади повторно. Овој пат со ново расно грло од ергелата, наречено Captiva. SUV, кој треба да се фати во костец со сијасет конкуренти.

{shsmoothslideshow captiva}

Но, од каде сега SUV во Chevrolet? Зар марката туку така реши да заплива во непознати води. Сепак, не. Традицијата  на градење на SUV во Chevrolet почнува од пред 70 години. Тогаш во 1936 година Chevrolet првпат го претстави моделот Suburban Carryall со доволно простор внатре да го вози целото семејство заедно со нивната опрема за кампување. Suburban имаше едноставна градба: шасија од камион, шестцилиндарец во линија со 79 КС и погон назад. Разликата во однос на товарните возила беше големиот простор внатре. Успешниот модел остана во програмата на Chevrolet. Денес Suburban се тркала по северноамериканските патишта со своите 5,6 метри должина и 2 метри ширина и моќни V8 од 5,3 и 6 литри. Меѓутоа, европските купувачи преферираат SUV за еден број помал.

 

Chevrolet знаеше да одговори на овие барања и создаде нов модел за нив во облик на Captiva. Единственото нешто што Captiva го наследи од своите претходници е просторот внатре. Преостанатото личи на современ SUV каков што се посакува. Впечатлива појава, силен, современ и спортски. Captiva зрачи со динамика, која се содржи во секој детаљ. Со големите отвори за тркалата, отвори за воздух на крилата и двоен издув, повеќе потсетува на некој спортски автомобил отколку на SUV.

Секако спортскиот изглед продава, а тоа многу добро го знаат дизајнерите во Chevrolet. Затоа интерпретацијата на практичност, спорт, и стил се префрлила и во внатрешноста. Арматурата и средишната конзола даваат чувство на цврстина. Добрата обработка и квалитетните материјали доаѓаат до израз кога ќе се напушти асфалтот. Тогаш и покрај ударните дупки од нерамниот терен внатре отсуствуваат звуци на триење меѓу пластика и тропање на лабави капаци.

Captiva одушевува и со варијабилноста. Покрај стандардната верзија со пет седишта на располагање е и онаа со седум. Доволно за да биде омилен семеен транспортер. Кревањето и спуштањето на седиштата е едноставно. С¢ се прави со еден потег. Тука се гледа експертизата на Opel, кој истата техника ја нуди во Zafira. Но тука нема ништо лошо. Напротив, придобивката е огромна.

Предводник во задвижувачката сила кај Captiva е моќен V6, кој од 3,2 литри извлекува 230 КС. До него е уште еден бензинец од 2,4 литри и 136 КС кој единствен може да се добие и само со погон напред. Сепак, најинтересен за купувачите во Европа е новоконструираниот дволитарски дизел со 150 КС. Повлекува од ниски вртежи и изненадувачки сака да се врти. Дури и кога стрелката од бројачот на вртежи ќе се доближи до црвеното поле овој дизел не престанува да испорачува моќ.

Петстепениот менувач работи со строго одредени одови, а оние што сакаат да се излежуваат ќе се одлучат за петстепената автоматика. Без оглед дали степените се менуваат автоматски или мануелно, моќноста до сите четири тркала се пренесува преку вискозна спојка управувана од електромагнет. При нормално возење моќта целосно се пренесува на предните тркала. Кога електрониката ќе препознае пролизгување ја префрла моќта на задната оска до сооднос 50:50. Префрлањето се извршува за 100 милисекунди. Брзина трпати поголема отколку што му е потребно на човечкото око да трепне. Доколку се најдете во малку потешка ситуација на располагање е и блокада кој ја ограничува распределбата на моќта на 50:50. Згодно за на лизгав терен и зиме.

И, како што е вообичаено, Chevrolet и во Captiva нуди модерна техника по многу поволни цени. Ценовниот старт на Captiva е од околу 18.000 евра, додека добро опремениот дизел ќе чини околу 25.000 евра. Дури и најопремениот V6 со 230 КС не треба да го премине ценовниот праг од 30.000 евра. Сума за која се добива дволитарски RAV4 со 150 КС. Богатата понуда и цените, несомнено, ќе го вивнат првиот европски SUV на Chevrolet во врвот на продажбата.

 

 

 

Facebook