Прво ни беше елегантна, потоа мирисаше
на лаванда, а сега веќе станува епска - на лимузината од Кореја знакот на
Chevrolet £ стои подобро од кога било досега
Пад во продажбата, незаинтересирани
купувачи и силна конкуренција од трендовски ванови и спортски теренци -
производителите треба да бидат или храбри или, пак, луди за да се плеткаат на
европскиот пазар на семејни лимузини. Каков е тогаш Chevrolet?
Исто како што претходно направи Hyundai
со Sonata и Kia со својот Magentis, фирмата на најпознатиот швајцарски иселеник
го лансираше својот нов модел од средната класа, сега и со ново име, Epica.
Големата лимузина од Кореја премиерно ја ѕирнавме на Салонот во Женева. И, како
што е редот, во мај бевме поканети на презентацијата во Фрајбург, во
Швајцарија. Би рекле, на домашниот терен на Chevrolet.
Во споредба со претходните лимузини
развивани под знакот на Daewoo, Epica изгледа многу посериозно и посамоуверено.
Новиот изглед на одбојникот и на маската е згоден, носот е ниско, опашката
високо, нешто слично на Saab.
{shsmoothslideshow epica}
Внатре автомобилот мами со алуминиумски
детали, пластика мека на допир и дебел четирикрак управувач. Петмина внатре ќе
собере без проблеми и за подолги патувања, седиштата се кожени во повисокото
ниво на опрема, а патниците одзади имаат простор да ги прекрстат нозете ако
сакаат.
Сепак, најинтересното достигнување со
кое се перчат инженерите е под хаубата. Тука шест цилиндри пресуваат два или
два и пол литри воздух, зависи колку ќе се плати. Убавината е во тоа што цилиндрите
не се поставени да го маваат коленестото вратило од секоја страна, туку се
наредени во линија. Исто како што практикува BMW. Со причина: линискиот
шестцилиндарец е брилијантен со примерната смиреност во работата, придобивка од
совршената избалансираност.
Придобивка е и слабата еластичност и
задоцнетото будење на моторот: впрочем истото со што се соочуваа и возачите на
последниот BMW 320i што возеше со шест цилиндри. За споредба,
четирицилиндарската Opel Vectra 2.2 Direct со 155 КС забрзува од 80 до 120 km/h
за 14,2 секунди, додека на Epica 2.0 за истото £ требаат 17,0 секунди.
Одлуката да се оди на шест се чини
правилна, посебно што се забележува дека е вложено многу труд во звучната
изолација на кабината. Со тоа сликата за комфорот во Epica е заокружена. На
иста приказна оди и подвозјето, со хармонична работа и само повремено испуштање
неартикулирани звуци на патиштата. Швајцарските.
Добро, колку пари чини ова? Ако ја
почестиме Epica и ја споредиме со модел од кој инженерите се одушевувале при
развојот, со BMW 320i, излегува дека Chevrolet е двојно поевтин: за Баварецот
да се опреми со кожени седишта, алуминиумски бандажи, сензори за паркирање и за
дожд, темпомат, аларм - што е во серија кај Epica 2.0 LT за 20.840 евра - треба
да се издвојат цели 40.000 евра.
И, дали сега новодојденецот (кај нас го
очекуваме наесен) ќе биде хит на пазарот на семејни лимузини кој е преполн со
сопки? Искрено, не мислиме така, иако почетната цена од едвај 19.000 евра,
грижливо склопената внатрешност и современиот надворешен дизајн, сигурно, ќе
бидат подобро прифатени отколку кај моделите што £ претходеа на Epica. Ќе го
оцениме настапот на Chevrolet во оваа класа во Европа како храброст - не како
лудост.
CHEVROLET EPICA 2.0 (2.5)
Технички податоци
Мотор: шест цилиндри во линија,
попречно · две брегасти оски во глава, 4 вентили по цилиндар · зафатнина 1.993
(2.492) cm3 · силина 105(115)kW / 144(156)КС при 6.400(5.800)/min ·
вртежен момент 195(237) Nm при 4.600(4.000)/min · петостепен мануелен менувач
(петостепен автоматик со ман. програма) · мекферсон напред, мултилинк назад ·
сопирачки дискови напред/назад 278/276 mm, ABS · д/ш/в 4.805/1.810/1.450 mm ·
меѓуоскино растојание 2.700 mm · багажник 480 l · гуми 205/65 R16 (215/50 R17)
· празно возило 1.460(1.500) kg · носивост
495 kg · резервоар 65 l · 0-100 km/h 9,9 s · Vmax 207(209) km/h · потрошувачка
(EU-Mix) 8,2(9,2) l/100 km
|