Get Adobe Flash player

Прво возење: Dacia Logan 1.5 dCi
29.03.2007
9544_bd_ren2005dacialoganИако презафатена со големата побарувачка, Dacia не заборава на современите автомобилски текови. Развојот на моделот е приоритет

Со Logan Dacia погоди во центарот. Моделот лансиран минатата година во септември доживеа планетарен успех. Досега во фабриката во Питешти се произведени повеќе од 100.000 автомобили од кои една третина се продадени во Романија, а другите се извозуваат. Најголеми продажни резултати досега Logan оствари во Романија, па Франција, Турција и Србија и Црна Гора. За забележување е податокот дека во Франција се продадени двапати повеќе автомобили од очекуваното. Плановите на Dacia за 2005 година биле најмногу 4.500 автомобили за францускиот пазар, а досега продажбата се ближи до бројката од 10.000 возила.

 

Главен проблем на Dacia во моментов е да се произведат доволно автомобили за да се задоволи побарувачката во Европа. Од планираните 600, производството во Питешти е подигнато на 680 автомобили дневно. Logan веќе се произведува во Мароко, Колумбија и во Русија, во 2006 година на ред е Иран, а во 2007 година Индија. Освојувањето на потенцијално најголемиот пазар на светот - Кина, с¢ уште не е во плановите на Dacia. И покрај слатките проблеми што ги имаат во Dacia, сепак се решија да ја прошират понудата на мотори со економичниот дизел на Renault со зафатнина од 1,5 литри.

Зошто дизел и зошто токму сега кога, едноставно, не може да се стигне со производство ниту на бензинските верзии? „За да се следат современите текови во производството на автомобили”, вели Жан-Мишел Сикр, директор за комерција на Dacia, и продолжува. „Секаде во Европа побарувачката на автомобили со дизел-мотор се зголемува. Dacia сака да биде во тек и да ги задоволи сите барања на купувачите. Убедени сме дека купувачите с¢ повеќе ќе бараат дизел”.

Првичните резултати во Романија се одлични. Побарувачката за дизел изнесува повеќе од 35%. Со комби-варијантата, која доаѓа во 2007 година, се очекува дури 50% од продадените модели да бидат со дизел-мотор. Во Dacia се надеваат дека ќе ги привлечат купувачите што ќе сакаат да набават користен автомобил со дизел-мотор од некој од западноевропските производители.

Во Logan се вградува познатиот 1,5-литарец на Renault, кој веќе одамна работи во Clio, Kangoo, Modus, Megane и во Scenic. Но, верзиите со 82 КС и 105 КС остануваат за моделите на Renault. Со втора генерација на директно вшприцување на горивото common –rail ја задоволува нормата Euro 3 и со своите 65 КС неочекувано лесно го задвижува автомобилот тежок 1.100 kg. Иако на хартија послаб од бензинските мотори од 1,4 l со 75 КС и 1,6 l со 90 КС, во возење недостигот од коњски сили воопшто не се чувствува. Делумно и поради големиот вртежен момент од 160 Nm при 2.000 вртежи, поголем и од помоќниот бензинец. Автомобилот енергично забрзува, во првите три степени на пренос не сака високи вртежи и тоа го покажува со зголемена бучава. Токму од неа се плашевме пред да се запознаеме со дизелот од семејството на Logan. Но, стархувањата беа неосновани. Во Dacia работеле на придушување на вибрациите и на рапавиот звук на дизелот. Logan 1.5 DCI е потивок дури и од неговите бензински браќа. Нивото на бучава при патна брзина од 120 km/h изнесува 73,5 dB слично како кај Renault Clio, кој се користен како урнек. Затоа долгите патувања во Logan 1.5 DCI воопшто не заморуваат, а кога при тоа ќе се погледне и нивото на потрошено гориво, задоволството е уште поголемо. Според фабричките наоди, дизелот во Logan просечно троши околу 4,8 литри, што со резервоар од 50 литри му дава автономија од повеќе од 1.000 km. Во ова се уверивме кога по 700 изминати километри мерачот покажуваше дека во резервоарот останала уште една третина гориво. Квалитетот на романските патишта дополнително н¢ увери во цврстото подвозје на Logan. Дури и на макадам подвозјето не покажува знаци на слабост. На чакалот Logan е како риба во вода. Доблест, која би била од голема корист на нашиве патишта полни со дупки.

Технички податоци

Dacia Logan 1.5 DCI

R4 турбодизел · два вентили по цилиндар · зафатнина 1.461 cm3 · моќ 48 kW (65 КС) при 4.000/min · вртежен момент 160 Nm при 2.000/min · петостепен мануелен менувач · погон на предни тркала · празно возило 1.065 kg · носивост 415 kg · приколка со сопирачки 1.100 kg · гуми 185/65 R 15 · багажник 510 литри · д/ш/в 4.250/1.735/1.525 mm · резервоар 50 литри · · Vmax 165 km/h · потрошувачка (град/отв./просек) 5,8/4,3/4,8 литри

 
Get Adobe Flash player