Get Adobe Flash player
Прво возење: Fiat Grande Punto
29.03.2007
halfrontЦела Италија е дигната на нозе. Има ново Punto. Како да здобило благородничка титула, сега се вика Grande Punto. Нашите впечатоци од светската презентација на новиот Fiat во Торино

Во невремето проследено со молњи од фотографски блицеви на крштавањето на Grande  Punto се забележа нова фаца на Fiat. Лапо Елкан има 27 години, внук е на починатиот патријарх Џовани Ањели и шеф на новиот оддел на Fiat, специјално основан за него, „Brand Promotion” - и вредно да се додаде, милениче на италијанското високо друштво. Богат, мудар, со сина крв. Таков човек е добар за имиџот на фирмата. И неговиот брат е во Fiat. Џон како вицепретседател се грижи за финансиите, рамо до рамо со двојниот шеф Серџо Маркионе (на марката Fiat и на концернот Fiat). Сите тие имаат една цел. Да го вратат полниот сјај на Fiat како светска марка. Што значи: повторно да го издигнат во водечки производител на компактни автомобили. На пример, како Punto. Пардон, Grande Punto.


 

За 19 сантиметри пораснатиот носител на надежи го имаше првиот настап пред светот на 5 септември во Торино. Fiat ја имаше честа новото издание на моделот продаден во шест милиони примероци да им го претстави на меѓународниот печат и на националната Grandezza. Околу 1.000 гости, големо полициско обезбедување и уште поголема свечена бина во олимписката хала Palavela, каде што ќе се одржуваат натпреварите во спортови на мраз на Зимските игри в година. „Во овој автомобил вложивме се што е во наша моќ”, воспеваше Il Presidente Лука Кордеро ди Монтецемоло на мултимедијалната бина. И веднаш потоа призна пред публиката што потпивнуваше „бароло”: „Вљубен сум во овој автомобил. Прекрасен автомобил, италијански”. И сигурен автомобил. Euroncap на компактниот Италијанец му даде пет ѕвезди. Не само тоа, во својата класа, Grande Punto има најмногу бодови. Станува сериозно.

Од 10 септември Grande Punto ги освојува срцата и паричниците на Италијанците. И мора да го прави тоа. Четириесет проценти од прометот автомобилската дивизија го прави со Punto. Почетната цена во неговата татковина изнесува 11.111 евра.

„Fiat се врати и сака да биде светски број еден во овој сегмент” предвидува Монтецемоло. Богатата понуда од штедливи дизели ќе помогне во тоа. Најмалиот 1,3 Multijet може да има 75 или 90 КС, а 1,9-литарскиот 120 или 130 КС. Првите километри со Punto ги искусивме со моторите од 90 и 120 КС. Во директна споредба, помалиот мотор работи многу потивко, покултивирано и помалку тежи врз носот, па се добива и попријатна управливост. Сепак, при возењето отсуствува типичното турбодизелско чувство, пред с¢ во долното работно подрачје, каде што од голема помош би биле уште неколку њутнметри. Во секој случај, заслужува препорака, посебно што потрошувачката му е ниска. Големиот 1,9 Multijet нема проблеми со притисокот и влече како локомотива, но е погласен. Бензинците на почетокот се 1,2 со 65 КС и 1,4 со 77 КС. Понудата в година ќе ја дополнат бензинец 1,4 со 95 КС, HGT со 180 КС и уште еден дизел, со 150 КС.

Вистинската зрелост се чувствува во возењето. Дури, разликата во споредба со актуелните компакти е многу помала отколку со возилата од класата во која заживеа моделската ознака Punto. Вистински Grande Punto. Ретко некогаш менувач во Fiat одушевил со лесен, прецизен и одреден òд. Напредок се чувствува и во управувањето. Дефинитивно, не се работи за обична шминка. Grande Punto е комплетен пакет, со добар изглед и квалитетна содржина.

Технички податоци

Fiat Grande Punto 1.3 Multijet 16v (Dynamic/Emotion)

Турбодизел, Common-Rail, променлива геометрија на лопатки, интеркулер · 4 вентили по цилиндар · dohc · зафатнина 1.248 cm3 · моќ 66 kW (90 КС) при 4.000/min · вртежен момент 200 Nm при 1.750/min · шестостепен менувач · напред мекферсон, назад торзиска оска · д/ш/в 4.030/1.687/1.490 mm · багажник 275 l · гуми 185/65 R 15 · празно возило 1.130 kg · резервоар 45 l · 0-100 km/h 11,9 s · 175 km/h · потрошувачка (град/отворено/просек) 5,9/3,9/4,6 литри

 

 

 

Facebook