Get Adobe Flash player
Прво возење: Ford Fiesta facelift
29.03.2007
pv__015951Со разиграна внатрешност и спектар од бои фејслифтот на Ford Fiesta треба да ги придобие разгалените купувачи на малечки автомобили.

Што го прави малиот градски автомобил голем? Покрај вообичаените доблести, лесен за маневрирање, бара малку простор, има ниска потрошувачка, потребно е уште нешто. Најчесто „автомобилчињава” се исправени пред повеќе барања. Тие често се во служба и на долги патувања. Викенд-тура до омиленото место за рекреација или, пак, годишен одмор. Од тука пространоста и варијабилноста се приоритет. Патничката кабина е пожелно да го надополнува надворешниот изглед, кој треба да биде шик. Низ град мора да се биде забележан. Затоа купувачите на мали возила стануваат разгалени. Сега тие мора да нудат поволности што ги има и кај големите. Ford оди со тековите и во редизајнот на Fiesta и на Fusion отиде чекор напред.

Моделите се замислени да бидат дел од имиџот и секој, по желба, може да стави свој печат врз автомобилот. Разиграната внатрешност со калеидоскоп од бои го дозволува тоа. Но, не ја менуваат бојата само седиштата и облогите. И арматурната табла отскокнува од стереотип. Со избирање на една од петте бои таа ќе биде во тон со ламарината. Визуелните ги дополнуваат звучни впечатоци. Контрола на радиото со цеде или клима-уредот со гласовна команда е нешто што доаѓа кај поголемите модели. Сепак, варијабилноста не е една од посилните страни. Некои од конкурентите нудат многу повеќе. Во Ford покрај украсите требале да се погрижат и за подобрување на функционалоста.

Fiesta поздравува со насмеано лице. Разиграниот дизајн треба да му се допадне секому. Fusion, пак, нуди цврстина и лик на сериозен теренец иако не е за симнување од пат. Кај него моторот с¢ уште ги задвижува само предните тркала, па така единствена помош од дигнатата каросерија е полесно качување на тротоар додека се паркира среде градскиот метеж.

Под предниот капак работат шест различни мотори. Познатиот бензинец од 1,25 литри ја задвижува само Fiesta исто како и дволитарецот со моќни 150 КС кај ST. Додека два бензински мотори и два дизела од 1,4 и од 1,6 литри се заеднички, односно тие ги задвижуваат и Fiesta и Fusion. Од моторите најголемо внимание, посебно на нашиот пазар оптоварен со акцизи, предизвикува 1,4-литарскиот дизел „Duratorq”. Малечкиот испорачува 68 КС при 4.000 min и вртежен момент од 160 Nm при 2.000 min. Со свртување на клучот ја протресува каросеријата и недвосмислено кажува какво гориво користи. Прво бучен, но како што стрелката од термометарот се качува кон подрачјето на работната температура, моторот се смирува. Повлекува од ниски вртежи, но 68 КС не чинат чуда. За да стигне до крајна брзина му треба вечност. Во град е како риба во вода, а ниската потрошувачка просек 4,3 литри дизел според фабричките податоци се грижи за бавно празнење на резервоарот и на џебот. Помоќниот дизел од 1,6 литри и 90 КС би бил посреќен избор. Но, тука се акцизите да н¢ потсетат дека не треба да се луксузираме. Во случај доколку ваков мотор воопшто спаѓа во луксузен сегмент.

 

 

 

Facebook