Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Прво возење: Ford S-Max
02.04.2007
fordsmax1Ford го вее стартното знаме за еден нов концепт на ван. S-Max е моќен, спортски автомобил, кој со 220 КС има материјал за вистински фамилијарен тркач

Рецептот е едноставен. Висок покрив, накосено предно стакло, многу седишта и фамилијарниот ван е веќе готов. С¢ до тука многумина го можат истото. Исто така и Ford – со Galaxy. Тоа што произлегува е практично, варијабилно и често: здодевно!

Ford со новиот S-Max се обидува подобро да го спакува корисниот концепт на ван. S-Max треба да биде с¢ на едно место: убав и корисен, пријателски расположен кон фамилиите и егоистичен, Yin и Yang – класа на автомобил сама за себе со цена од околу 25.000 евра. Динамиката на S-Max се крие уште во името. Вибрира преку усните кога се почнува со моделското опишување. S како спорт, S како секси и S како супер. Кога сме можеле да го кажеме сето ова за една фамилијарна кочија?

Тоа, секако, се должи, пред с¢, на врвниот модел со 220 КС, кој имавме можност да го возиме. Освен тоа, купувачите ќе можат да избираат меѓу двата дизелски мотора (130, 140 КС) или помалиот бензински мотор со 145 КС.

{shsmoothslideshow smax}

2,5-литарскиот турбо пристигнува од Volvo, кој освен тука се нуди и во Focus ST – само што во S-Max вози потивко. На петцилиндарецот изгледа како никогаш да не му недостига сила. Тој врти лесно с¢ до црвеното поле, кое почнува од 6.000 вртежи и звучи убаво. Притоа, речиси незабележливо се приклучува турбото - целосно без никакво сечкање и придружено само со едно лесно свиркање.

На автопат S-Max се движи брзо низ ветерот. Воздухот милува преку неговиот покрив што паѓа наназад. Ford го комбинира петцилиндарецот со шестостепен менувач, додека двата дизелски мотори се опремени со филтер за честички чад. Стремејќи се кон целта рачката од менувачот низ каналите лизга прецизно и со мал отпор, токму како што му прилега на автомобил со буквата S во името. Со едно црвено S! Црвено како што автомобилите GTI го носат во својата маска, чии сопственици за фамилија повеќе го сметаат својот клуб на фанови од жената и децата.

Новиот ван од Ford комбинира сила и простор на должина од 4,77 метри, нешто како скратена верзија од класата R на Mercedes (4,92). Со мускулесто тело, стегната странична линија и компактна задница, S-Max забранува лепење плашливи упатства за предупредување како „Baby on Bord”. Спортските отвори за воздух на предните крила и во спојлерот се трн во очите, но немаат никаква функција, освен естетска, секако.

Вистинска фамилијарна компетенција се крие во внатрешноста. Трите задни седишта се лизгаат за 15 cm и секое од нив посебно исчезнува во подот. Третиот ред со две дополнителни седишта се доплаќа. Тоа го разликува спортскиот S-Max од поголемиот и речиси 2.000 евра поскап брат Galaxy, кој секогаш се испорачува со седум седишта. Ford како алтернатива кон третиот ред во S-Max со доплата нуди под за багажникот што се извлекува, така што при неговото полнење не доаѓа до големо оптоварување на грбот. Тој со 854 литри е толку голем колку содржината на пет големи кади. А во него со соборување на средното седиште можат да се превезуваат два велосипеда и притоа да остане доволно простор за багаж и за двајца возрасни патници.

Напред во кокпитот може да се почувствува спортот. Прецизното управување и компактниот управувач ве канат на гребење низ свијоци, а седиштата се прилично ниски за еден ван. Одзади над главата од патниците се протега небо, кое е високо колку покривот на игло. Но, со пакетот на опрема Trend дури и спортските седишта се дел од сериската опрема. Нивните набабрени страници точно одговараат на колкот и на горниот дел од телото.

Сето ова кажува речиси с¢. Фамилијарен автомобил, фабрички опремен со спортски седишта – вакво нешто има само во мини-серијата како OPC кај Opel. Спортското подвозје што е пониско за 15 mm чини дополнително, но, исто така, и сериското дотерување од инженерите е прилично цврсто со цел да се намали непријатното странично навалување. И покрај тоа, S-Max преку нерамнините се тркала комфорно, дотерувањето на пружините-амортизерите е целосно успешно. Сонот за спортски автомобил засекогаш исчезнува кога погледот ќе се упати кон А-носачите. Тие се протегаат далеку нанапред со цел да се подобри чувството за простор. Долг на Max(imum) во името. Но, не пречи при толку многу S(port).

Технички податоци

S-Max 2.5

Мотор R5-Turbo • 4 вентили по цилиндар • две брегасти оски во глава на мотор • зафатнина 2.521 cm3  • моќност 162 kW (220 КС) при 5.000/min • max. вртежен момент 320 Nm при 1.500/min • погон напред • шестостепен менувач • багажник (со пет седишта) 854/2.100 литри, со седум седишта 285/2.000 литри • резервоар 70 l • д/ш/в 4.768/1.884/1.658 mm • гуми 215/60 R16 • Vmax 230 km/h • 0-100 km/h за 7,9 s • потрошувачка 9,4 l/100 km

Заклучок

Веќе долго време чекавме на него. Конечно, ван што изгледа спортски и не толку масивно колку конкуренцијата. Конечно, фамилијарен ван што со задоволство сака да се вози, а не мора - поради децата. 220 КС (во врвниот модел), со 26 прегради, спортско подвозје и практичен систем на преклопување Fold Flat. Силната страна на S-Max е во тоа што тој се грижи за целата фамилија: на возачот му дозволува да биде дете, а на децата да се возат како возрасни.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook