Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Прво возење: Mercedes E 63 AMG T
31.03.2007
e63amgnФилмот тече бавно во класа Е со 514 КС - поради долгото освестување од силата што е во состојба да ја ослободи монструмов

Ако класата Е на Mercedes беше замислена да биде суптилен, елегантен и цивилизиран крстосувач, тогаш, сигурно, некој во Штутгарт заборавил овие работи да им ги напише на ливче на инженерите во AMG. Тоа што тјунирачницата на германскиот гигант го направи од класата Е веќе не личи на нормален автомобил. А, уште помалку на нормален караван.

За разлика од претходникот, моторот во новиот автомобил нема компресорско натполнење, туку силата ја извлекува само со многу работна зафатнина и високи вртежи. Овој пат луѓето во AMG не мораа да ги користат постојните погонски единици од куќата. И избраа конфигурација V8!

{shsmoothslideshow e63amg} 

А, зошто толкава радост? Затоа што ниту една друга конфигурација на машина не може да извади толку неартикулиран, вонземски, застрашувачки звук колку V8 кога ќе се навие за тркање. При бруталното забрзување е тешко да се поверува дека седите зад управувачот во лимузина што изгледа релативно слично со тоа што го сонува секој таксист на светов, а фантастичната филмска музика од двете хромирани издувни цевки потврдува дека возите нешто посебно.

Напорно е да се вози ова. За големината на забрзувањето станувате свесни дури кога ќе треба да потсопрете. И така се вози 63 AMG. Десното стапало постојано игра лево-десно. А како да биде поинаку кога при половина гас осумцилиндарецов на AMG има моќ што на S 350 £ е доволна да спринтува за 7,3 секунди до стотка и уште да биде ограничена на 250 km/h. А, што со преостанатата половина?

Дури и ако некој има толку среќа да доживее покрај него да помине AMG во „Е”, големи се шансите болидот да не биде препознат. Децентни се знаците со кои лимузината и караванот откриваат дека во нив е 6,3-литарскиот V8. Најзабележливи се новите бандажи од 18 инчи со пет краци и гуми 245/50 и 265/35 на нив, широки 8,5 и 9 инчи, лакирани во сива боја на титан и полирани мува да се лизне на нив. За впечатокот од средбата да се задржи предниот одбојник во стил на AMG е позашилен, со поголеми отвори за воздух и тркалезни магленки со хромирани прстени. Отстрана, отвори за воздух за врелиот воздух да може да излегува од дополнителниот ладилник за масло и, секако, значка „6,3 AMG”. Дополнето со спортски прагови, потемни задни светла, и кај лимузината, заден одбојник со посебен дизајн.

Мали промени во надворешноста, ефектот е ист. Можеби, сепак, во AMG го добиле ливчето, но се преправале дека никој нема да забележи.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook