Get Adobe Flash player
Прво возење: Mercedes класа Е
31.03.2007
mercenФејслифтингот не направи нов автомобил од класата Е. Само малку поинаков

Ѕвездата с¢ уште е таму каде што £ е местото. Двојните предни светла, исто така. За да се искуси новата класа Е се потребни необични перспективи. Всушност, рендгенски поглед. А, од каде, пак, такво нешто.

Затоа клекнувам на колена, вртам околу каросеријата и го барам напредокот со детективска темелност. Сепак, се работи за Mercedes, и тоа за мерцедесот меѓу автомобилите со ѕвезда.

На прв поглед споредбата на новакот со стариот ме потсетува на рубриката „оригинал и фалсификат” во енигматските магазини. Таму малите разлики прават нова слика - но, решението, за жал, се појавува дури во следниот број.

{shsmoothslideshow merceklasa} 

Кај Mercedes решението го добивам веднаш - во мапата за печатот: елипсовидни светла за магла, побудни очи, поукрасени надворешни ретровизори и впечатлива маска. Покрај тоа, малку повеќе хром одзади, нови тркала - и тоа би било речиси с¢. Гледано површно. Ништо не ни укажува на „нова генерација” каква што Штутгарт би сакал да ни ја продава. И не може бидејќи лимузината е само четири години на пазарот и уште нема ни појавено брчки.

Во класата Е повторно работи хидраулична сопирачка

И покрај тоа вишата класа во минатото изгледаше многу старо. Откако технолошки напредната сопирачка ЅВС ја вклучи помошната програма. И откако корозијата се нафати на врвниот имиџ. Со фејслифтингот Mercedes повеќе се обидува на клиентите да им ги измазни брчките од грижи. Но, и сопствените. SBC летна, место тоа повторно вградуваат хидраулична сервосопирачка. Новата „Adaptive Brake”, која потекнува од врвниот модел, класата S, асистира како системот SBC, мисли и пред нагло сопирање го зголемува притисокот во сопирачките водови. Покрај тоа превентивно ги легнува плочките врз дисковите. Значи, сепак, личи на многу повеќе отколку на само малку шминка. Повеќе како тешка интервенција, операција на витални делови.

Тука припаѓа и целата палета мотори. Цените за четирицилиндарците и за шестцилиндарците остануваат исти. Кај Е 500 инженерите ја зголемија моќта за 82 КС, на 388, истовремено вртежниот момент порасна од 460 на 530 њутнметри. Потрошувачката би требало да е дури и малку спуштена, со 11,5 литри во просек.

Лимузината повлекува со моќта на стадо пиварски коњи, само што не е толку стрплива. Од нула до 100 се доволни 5,3 секунди - уште за 0,7 секунди помалку отколку кај претходникот. Притоа моторот V8 забрзува без големи спектакли, само едно спортско фрчење труби од двете полирани издувни цевки (спортски пакет). Е 500, како вистински џентлмен, не ја губи контролата во ниту еден момент. И во свијоците. Управувањето сега работи подиректно. Математички изразено: за десет проценти поспонтано. Впечатокот: сега има малку повеќе чувство внатре, не многу, но се чувствува.

Желбите на возачот се менаџираат на притисок на копче

Додека Е 500 вози низ Шварцвалд, кликнувам во разните менија, играм со Distronic што го регулира растојанието од „старата” Е 500 пред мене. Кога тој сопира напред, и моето возило сопира. С¢ е автоматски. Дури и дотерувањето на амортизацијата се менува со притискање копче, исто како и моментите на префрлување на седумстепената автоматика. Спортски, комфорно - нема проблем за што било. Класата Е ги менаџира желбите на возачот како претпријатие за услужни дејности. Концерт на желби на сите нивоа.

Кој кого вози тука? Конечно, со копчињата на управувачот може да се ракува на слепо, кај претходникот тие с¢ уште беа вдлабнати во управувачот. Обрачот подобро лежи в рака. За внатрешноста Mercedes сега нуди и модерни комбинации од бои, на пример комбинација со италијанска нота од беж и кафено. Ова тест-возило носи обична црна. Фина кожа напа што во облогата на вратите расипнички се собира во набори. Малку повеќе сјај паѓа и врз рачката на автоматскиот менувач.

Најважните новитети, сепак, се сокриени. Како потпирачите за глава со име „Neck Pro”. Тие треба да го амортизираат вратот при удар одзади за да се спречи болната траума од силното забрзување.

Тоа е задачата и на Pre-Safe, безбедносниот систем, што Mercedes го воведе во класата S. Сега тој спаѓа и во стандардниот репертоар на „Е”. При судир ремените се затегнуваат, седиштата се исправуваат, сите прозорци се затвораат автоматски. Тука Mercedes е пред Audi и BMW. Сепак, ѕвездата сака повторно да биде таму каде што Mercedes со најголемо уживање сака да ја гледа. Високо горе.

Заклучок

Фејслифтинг? Всушност, повеќе е операција на внатрешни органи. Mercedes само малку докторираше врз изгледот на неговиот бестселер, повеќе инвестираше во безбедноста. И добро што е така. Тоа што класата Е сега се чувствува подинамично го регистрирам како добре дојдено споредно детство - и нема потреба од доплата кај четирицилиндарците и кај шестцилиндарците. Со тоа Mercedes сјае силно

 

 

 

Facebook