Дали ова с¢ уште е Corsa или веќе е
мала Astra? Минито на Opel расте во нов формат: долго речиси четири метри,
похрабро, поблагородно. Тврд орев за „207” и за Grande Punto
Нилс Лоеб поминува со прстот преку
клавирскиот лак на средишната конзола. „Сметаме дека врвната верзија треба да
го има ова”. А ова копче? „За греење на управувачот”. Тогаш главниот дизајнер
за малото возило на Opel продолжува да објаснува како ја одредиле бојата на
осветлените прстени на тахото. Момент: дали, навистина, седиме во новата Corsa?
„Постигнавме многу”, открива Лоеб.
Новата Corsa означува растеж, самодоверба и нов дизајнерски говор. И време е.
Луѓето од Риселсхајм денес произведуваат многу добри автомобили, но и неколку
модели што изгледаат преедноставно. „Сега е крај за технички студениот изглед”,
појаснува Нилс Лоеб. „Новата Corsa ќе изгледа поживо и помладешки”.
{shsmoothslideshow corsa}
Верзиите со три и со пет врати ќе имаат
сопствен профил
Corsa број четири, која ќе слави деби
на 18 јули во Лондон, е видно поголема: со три врати е долга 3,99 метри (плус
15 сантиметри), широка е 1,71 метар (плус 6,5) и е висока 1,49 метри (плус
пет). Со тоа малиот Opel - исто како и неговите конкуренти - порасна за
половина број и точно ја достигнува големината на Grande Punto и на „207”.
Верзиите со три и со пет врати во
иднина посилно ќе го покажуваат сопствениот профил. Лоеб: „Разликите почнуваат
од предниот столб”. Кај изведбата со пет врати задниот дел од покривот е
повисок, додека кај моделот со три врати има поинакви прозорци, крила, задна
врата и светлата му изгледаат поспортски.
„Моќниот настап на моделот со три
врати, - вели Лоеб - во иднина ќе се добива и со малечките мотори”. Поклонување
пред купувачите од Југот на Европа, на кои срцето им е поголемо од контото в
банка. Corsa стартува со три бензинци (65, 75 или 90 КС) и со два дизелски
мотора со Common-Rail (70 или 100 КС). На почетокот на 2007 година доаѓа нов
1,7-литарски CDTI со 125 КС и варијабилна геометрија на турбината. Во трката во
вооружување со КС Opel има и силни бензинци в ракав: 1,6-литарец со 105 КС,
1,8-литарец и 140 КС, како и OPC со 1,6-литарскиот турбо со 180 КС од Meriva.
Комплетно новоразвиеното подвозје на
Corsa се чини подготвено за идниот наплив од КС. Оските со поширока трага (плус
пет сантиметри напред, четири сантиметри назад) во основата потекнуваат од
Astra. Opel ветува нов ESP со контрола на подуправувањето, кој во случај на
опасност сопира до четири тркала, потоа асистенција при сопирање, како и ново
спортско сервоуправување, кое работи варијабилно-прогресивно место линеарно. Со
задоволство ќе го провериме тврдењето дека го нудат најдоброто подвозје кај
малечките.
Косо стакло, високи седишта: напред
чувство како во ван
На почетокот ќе мораме да се задоволиме
само со седнување. Високиот исечок за вратата го олеснува влегувањето, а
двојните заптивки на вратата треба да се погрижат за подобра звучна изолација.
Седам четири сантиметри повисоко отколку во претходникот, со многу простор до
таванот - ете го повторно чувството како во ван. Седиштата легнуваат одлично,
прегледните арматури сјаат со поголема топлина - колку многу таму постигнуваат
транслуцентните прстени! Триаголните прозорци ја подобруваат прегледноста косо
нанапред, што е и неопходно бидејќи предниот столб е многу присутен во видното
поле.
Субјективно, новата Corsa нуди малку
повеќе простор, со еден или два сантиметра поголема ширина на кабината. Одзади
колената имаат доволно место, со мојата висина од 1,87 метри главата с¢ уште ми
ја собира под покривот. Во верзијата со три врати со покрив што се спушта,
сигурно, ќе биде потесно. Мал гег во багажникот: полицата може да се повлече
зад клупата, нема потреба од отстранување.
На стартот на продажбата во октомври ќе
има четири нивоа на опрема: Basis, Edition, Sport и Cosmo, подоцна ќе се
приклучи и моќниот OPC. Како ќе бидат скроени пакетите, с¢ уште не е утврдено.
Меѓу другото, очекуваме систем за навигација со динамично водење, радија со
поддршка за MP3, но и опрема што е новитет во класата: светло за свијоци, загреван
управувач и клавирски лак на средишната конзола. Corsa ја покажува новата
големина на Opel и однатре.
|