BMW продава скапо во средната класа.
318d е за пет илјади евра поскап од Vectra CDTI. Вреди ли за тоа да се седи во
најслабата тројка?
Замислете, до вас на семафор чека луто
тјуниран, џишка црвен Grande Punto Sport и ве остава далеку назад во вашето
дизелско BMW. И не само што е дизел, туку е и најслабо во серијата 3. Каков
кошмар би бил тоа. BMW, сепак, ги наплаќа своите возила по премиумска цена и
затоа што најслабото тука с¢ уште е доволно силно за да се јаде со силните
возила на четири тркала што не носат значка премиум.
Квалитетите на серијата 3 остануваат
непроменети и во најслабиот дизел. И тука има совршена завршна обработка,
богата опрема и промислена ергономија. Просторната понуда во серијата 3 не е
толку богата колку во другите модели од средната класа, но сепак е пријатно
каде и да се седне.
{shsmoothslideshow bmw318d}
Мајсторите во BMW повторно се
докажуваат: нема никаква слабост при поаѓањето, инаку типична кај дизелите, и
мека и лесна работа на надолжно поставениот четирицилиндарец. Така уживањето во
кабината во која лесно се препознава печат на баварската марка може да биде
непречено. Вообичаено, седиштата се врвни, и напред и назад, единствено е
проблем што совозачот ќе мора да зафати незгодна положба кога ќе посака да ја дотера
висината на своето седиште.
Сите пофалби за изгледот на арматурната
табла. Дизајнерите имале цел да ја постигнат едноставноста на таблите од
шеесетите години на минатиот век и успеале во тоа - на радост на возачот кој не
мора постојано да ги брка копчињата по таблата. За разлика од тоа, за формата
на задникот не би имале да кажеме нешто толку убаво.
Малечкиот дизел сепак успева да вози
како BMW. Во ниту еден момент при возењето не се чувствува дека моторот е
слабичок, сепак, тука се работи за погонска единица што во верзијата со 163 КС
ги движи серијата 5 и X3. Дегресот од 41 КС зад 320d не мора да е толку
страшен: брзината е пониска за 12 km/h (206 km/h), забрзувањето подолго за 2,3
секунди (0-100 km/h 10,6 s). Заштедата од 2.300 евра не бара голема жртва.
И штедењето е уживање тука. Шест литри
во просек на 100 километри не се проблем. Мрсните добивки на нафтените
мултинационални компании може да се редуцираат уште малку, ако стопалото врз
гасот е уште понежно. Бидејќи возачот посегнува по менувач со шест степени,
штедливото подрачје на вртежи може да се одржува во сите услови на возење.
Во големата безбедносна резерва на
подвозјето возачот може да се увери во секој момент кога патот станува
кривулест. Од една страна тоа претставува уживање во чувството додека се лачи
адреналинот, а од друга страна тоа внесува релакасираност во патувањето бидејќи
автомобилот е во состојба да ги прости малите грешки на возачот. Меѓу другото
благодарение и на бројните електронски системи
BMW 318d е убав избор за возачи што го
признаваат и се свесни за спортското реноме на марката, но не сакаат постојано
да се во некаква трка.
|