Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Тест: Citroen C1 1.4 HDI
02.04.2007
c11Дизелската „единица” нема да предизвика големо поместување на пазарот. Како за мал автомобил е скапа. Но, уживање во возењето има

Зачудува колкава улога може да има значката што стои на чело. Впечатоците од Toyota Aygo и од Peugeot 107 што ги возевме први не ни беа нешто посебни. Сосема вообичаени за малечко градско возило од новата генерација. Солидно склопено, со цврста каросерија и современа механика. Со доволно слобода на движење напред, простор за испробување на реакција на клаустрофобија одзади и багажник доволно голем за да ги собере јакните на половина од екипажот. Сето тоа е за очекување.

Но! Од зеленкастиот Citroën C1 ретко кој од редакцијата успеваше да се одвои доброволно. Без другите претходно да му искажат неколку закани. Дефинитивно, овој C1 беше еден од повозените парчиња кај нас. Не дека Peugeot и Aygo, со иста техничка основа со C1, но и со иста производствена лента со него, се лоши автомобили. Само, Citroën функционира малку поинаку.

{shsmoothslideshow c1}

Точно. Кај малечкиот Французин напред горивото само му се пали. Го има моторот како во C2 и во C3 или во „206” и во „1007” или во Fiesta и во Mazda2… само што тука е малку потсобран со силата бидејќи менувачот не би можел да го издржи големиот вртежен момент на верзијата со седумдесетина коњски сили. Затоа имаме само 55 КС и 130 место 160 Nm. Само? Со моторот 1,4 HDI малечкото е тркачки болид в град, прв на старт, специјалист за слалом. Секако дека во тоа му помага и должината: 3,44 метри, половина аршин помалку од C3.

Не само оваа, туку и уште цела низа други споредби произлегуваат од дизелот C1. На пример, цените. Најмалечкиот дизелаш во Citroën чини 11.220 евра, со пет врати. Со три е за 290 евра поевтин. За еден број поголем чини 10.760 евра во C2 HDI, а за два, 10.950 евра во C3. Притоа, во споредба со C1, на „двојката” £ недостигаат чифт врати, електрика на прозорци и ABS, а на C3 само ABS. Мала разлика, голема збрка.

Добро, тогаш, кој воопшто ќе го купува малечково? Заради потрошувачката, на пример. Во просек, на тест на AUTO BILD, „единицата” потроши 5,5 литри нафта на сто километри. Тоа значи возење со често остро забрзување и возење по автопат под полн гас, но и релаксирано крстосување по спореден пат. Вистина, ништо полоши не се ни двата поголеми броја на „Chevron”. Во најекономичниот режим C1 HDI ќе потроши само 3,4 литри, но на отворено и со осумдесетина километри на час, овој Citroën нема да се вози често.

Вака многу се скусува кругот на возачите што би се заинтересирале за дизелот C1. Токму така, еве уште едно НО! Возењето мал автомобил има свои предности и многумина седнуваат во мини оти сакаат така, не зашто мораат. И никој нема да биде принуден да вози C1 HDI - од финансиски причини. Во истата куќа има 13 модели што се поевтини, од C1 1.0 X до C1 1.4 SX со 90 КС!

Со дизелската „единица” треба да се минат триесетина илјади километри годишно, па есапот од нафтата да излезе. Тоа што е предност од дизелот во C1 е помеката амортизација, резултат од поголемата тежина на моторот напред и поголемото задржување на вредноста на автомобилот, па оттаму можноста да се извлече подобра цена на пазарот на користени возила. Разумот, сепак, не мора секогаш да решава. C1 1.4 HDI, едноставно, ни се допадна.

Citroen C1 1.4 HDI SX

Технички податоци

Мотор, R4-турбо · 2 вентила по цилиндар · зафатнина 1.398 cm3 · моќ 40 kW (54 КС) при 4.000 врт/min · вртежен момент 130 Nm при 1.750 врт/min · погон напред · петостепен менувач · гуми 155/65 R 14 · резервоар 35 l · багажник 139/751 l · д/ш/в 3.435/1.630/1.470 mm · меѓуоскино растојание 2.340 mm · тежина 890 kg · носивост 355 kg · перформанси (тест-вредности): 0-50/0-100 km/h за 4,3/15,8 s · 60-100/80-120 km/h (во 4./5. степен) за 12,8/26,9 s · 5,5 l/100 km (просек) · досег 630 km · Vmax (фабрика) 154 km/h · внатрешна бучава 50/100/130 km/h: 66/70/74 dB(A)

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook