Здружувањето на Fiat
и на PSA
Peugeot и Citroen при создавање
на лесни комерцијални возила повторно се покажува како добитна комбинација од која
на крај најмногу профит извлекуваат купувачите.
Најавени уште од есента 2007 тројката
малечки ванови со нетрпение ја очекуваа бизнис клиентите.
Прво, заради до сега докажаниот квалитет на возилата
што излегоа како заеднички продукт на двете групации, а второ заради шик дизајнот кој денес е пресуден доколку сакаат да се привлечат купувачи.
Испакнатата муцка, веселите светла, огромното предно стакло совршено се вклопуваат во кубичната форма
пресудна за создавање на голем простор во кабината и товарниот простор. Чувството на просторност во должина од само 3,86
метри навистина е импресивно.
Fiorino воедно го краси ретро беџот на Fiat на хаубата
и голема алуминиумска лајсна која ја разбива монотонијата на масивниот црн браник. Во комбинација со металната темно сина боја малечково навистина
привлекува без оглед што станува збор за товарна варијанта.
Кабината има место само за возач и совозач простор има
доволно и по ширина и во висина. Должината е ограничена од
цврстата преграда зад која се наоѓа товарниот простор. Без
оглед на металната преграда, внатре, ниту
од далеку не е клаустрофобично, напротив. Ограничениот
простор по должина во Fiаt го решиле
едноставно. Седиштата се поставени прилично високо, па така простор за нозе не недостасува. Своевиден
компромис. Но, како и секој компромис јавува недостатоци.
Симпатичната предница е највпечатливиот дел од автомобилот која привлекува со издолжената муцка
Високото седење во седиштето кое нема можност за местење
по висина ги заморува нозете. Пред се десната нога на возачот
чие стопало мора постојано да е врз педалот за гас. Седечката
површина поради својата висина оздола притиска врз бутината на десната
нога. Или да ја свртиме работата. Десната
нога постојано мора да притиска врз седиштето и да го совладува отпорот од сунѓерот
што по некое време станува заморно и трпките се неизбежни. Ова
во град за каде Fiorino
првенствено e наменет не се забележува, но на подолги патувања проблемот
се забележува веќе по стотина километри.
Кабината покрај што треба да овозможи чувство на пространост
и удобност кај едно комерцијално возило треба да е прилично практична. Тоа е посилната страна на Fiorino. Отвори за оставање на ситници има расфрлано на секаде, доволно за секое парче хартија, документ, опрема потребно за реализирање на секојдневните задачи да го најде
своето место. Простор има доволно дури и под седиштата до кого
се пристапува со нивно поместување во крајна предна положба. Таму
дури може да собере и канта од дваесетина литри или алат, што воопшто
не е за потценување. Воедно тешките предмети со метална преграда
се обезбедени да не се стркалаат кон нозете на возачот и совозачот. Замерката би отишла кон отсуството на затворена преграда барем
пред нозете на совозачот. Бидејќи има документи кои треба да
бидат скриени од погледите на минувачите.
Инструментите се превземени од Grande Punto. Патниот компјутер ги прикажува основните информации
За товaрниот простор нема што да се раскажува. Можеби само констатација дека
навистина собира многу. По најава дека во редакацијата на тест ќе дојде Fiat Fiorino почна размислувањето како да се искористи неговиот товарен капацитет и што
се случува кога малчкиов превозник ќе се оптовари. Во Fiat велат
дека може да носи 610 kg и дека товарниот простор има димензии од 1,57 m должина,
1,18 m висина и 1,04
m ширина меѓу тркалата. В ред. Резервоар за вода со зафатнина од 1.000
литри со димензиите би требало да заврши работа. Доколку ова кабасто чудо го
собере во товарниот простор тогаш Fiorino добива преодна оценка. И... Погодувате? Ја доби. Го собра „кнап”. Но,
сепак го собра. Ова беше само дел од опитот, бидејќи резервоарот сам по себе не
тежи повеќе од педесетина килограми. Значи потребно е оптоварување. В ред.
Цревото, и го наполнивме со вода. Тристотини литри ќе завршат работа. Сепак,
водевме сметка, а целта не беше да се претоварува.
Како ќе се носи докажаниот трубо дизел 1.3 Mjet со
прилично оптоварено возило од преку 500 kg вклучувајќи ги возачот и совозачот. Посебно кога по претходното возење
празен веќе знаеме што да очекуваме. Дилемата беше разбиена веднаш. Во град му
нема рамен. Без оглед на оптоварувањето стартот на семафор до брзина од 60 km/h е
подобар од очекуваното. Секако јасно се гледа дека моторот мора да работи
повеќе бидејќи влече повеќе, но дека товарен Fiorino се претвора во полжав е
далеку од вистина.
Малите димензии и релативно малиот радиус на вртење од
9,5 метри му овозможуваат да се протне и во најтесните улици и да се паркира на
парче простор кое останатите го одминуваат вртејќи со глава.
Супер. А сега: Што се случува кога Fiorino
дадениот товар го вози на отворен пат и треба да го качи
на планина? Уште едена дилема за разбивање. Патувањето на автопат е едно
пријатно доживување. Моторот е тивок, во кабината разговорот се води без
повишување на глас. Лесно ја одржува патната брзина дури и кога е малку
повисока од ограничувањето на автопат. Едноставно на пат заборавате дека под
хаубата работи 1.3 литарец и дека возилото е оптоварено. Единствено тежината се
чувствува кога ќе дојде ред да се сопре. Но, тоа е нормална реакција. И не е
недостаток туку својство.
Облогата на вратата е рамна одзгора и има дополнително
место за ситници. Отворот долу собира уште повеќе, плус шише
На ред доаѓа планинската делницата. Fiorino качува во еден здив. Дури и онаму каде што сметате дека мора „втора” оди
со „трета”. Но, не треба да се претерува во барањата и да се очекуваат чуда.
Предвидувањето на деловите од патната делница е неопходно и навременото
префрлање во понизок степен приоритет. Тогаш Fiorino вози прилично живо.
Откако ќе се истовари „робата” и дома Fiorino оди празен возачот по завршената работа може малку да си даде одишка и да
ужива во возењето. Fiorino
се однесува неутрално. Очекувано ако се знае дека е
поставен на пренаменета платформата на Grande
Punto. Без оглед на високата каросерија способноста за сoвладување
свијоци изненадува. Навалувањето е минимално. При претерување нагласува
подуправливост која лесно се контролира. Ова посебно се забележува на влажен
асфалт кога јавува и проблем со тракција. Проблемот се адресира до гумите од
товарна програма и нивните димензии 185/65 R15 кои одговараат за носење
товар не за бришкање по свијоци.
Веднаш по Fiorino ja возевме патничката верзија Qubo за која Fiat вели дека механички е идентична, но носи гуми Bridgestone Turanza 195/55 R16 на леснометални бандажи и не јавува подуправување и проблем со тракција.
Но, повеќе за него наскоро.
Длабок отвор од мазна пластика место радио. Од тука предметите лесно
лизгаат при тргнување. Исто и од отворите озгора. Се работи за комерцијално возило. Треба да се има на ум дека компанијата сопственик можеби не сака да потроши на радио за што во основа и е отворот. Затоа поставување парче евтина гума нема да го чини производителот многу, но ќе заврши многу работа
Во целост Fiorino
нуди пријатно совладување на километрите. Одличен е на
пат, уште подобар низ град. Жив, штедлив, тивок, практичен. Вистински мал превозник
способен да ги исполни предизвиците исправени пред него. Очигледно е дека при
креирањето конструкторите на ум ги имале секојдневните потребите на
стопанствениците. Сепак, можеле да бидат малку подарежливи во опремувањето.
Јасно е дека станува збор за основен модел, но веруваме
дека сериски клима уред би го направил животот полесен на оние што везден ќе
седат во кабината на Fiorino и секако ќе допринесе за безбедноста. Совесните стопанственици веруваме
дека ќе се одлучат за оваа опција со цел создавање пријатна работна средина за
своите вработени.
Основна цена: 11.450 евра
Сериска опрема: ABS, серво волан, местење на волан по висина, припрема за радио, воздушно перниче за возач, метална преграда на товарниот простор, резервно тркало во полна големина.
| Fiat Fiorino Cargo 1.3 MJTD Base
|
| Мотор |
Дизел
|
| Распоред на цилиндри |
Реден |
| Број на цилиндри |
4 |
| Вентили |
4 на цилиндар |
| Брегасти вратила |
2 во глава на мотор
|
| Зафатнина (cm3) |
1248 |
| Моќност kW (KS)/вртежи |
55(75)/4000 |
| Вртежен момент Nm/вртежи |
190/1750
|
| Менувач |
5-степен мануелен
|
| Погон |
Напред
|
Сопирачки напред
|
Вентилиран диск
|
| Сопирачки назад |
Барабан |
| Гуми |
185/65 R15
|
| Багажен простор (l) |
2.500
|
| Резервоар (l) |
45 |
| Д/Ш/В (mm) |
3864/1716/1721 |
| Меѓусокино растојание (mm) |
2513 |
| Тежина на празно возило (kg) |
1165 |
| Носивост (kg) |
610
|
| Максимална брзина (km/h) |
157 |
| Забрзување 0-100 (km/h)
|
- sec.
|
Забрзување од место 1 km
|
- sec.
|
| Потрошувачка (l) |
5.7/3.8/4.5 |
| Емисија СО2 (g/km) |
119 |
Цена на тест возило
|
11.450 евра |
|