Ова е веќе голем напредок. Accent не
мора да биде најевтин. Доволно е што го познаваме како неуништлив
Конкуренцијата меѓу марките е здрава
работа. Без неа автомобилите ќе ги купувавме со маржи со кои продавачите ќе
можеа два месеца да си ги ладат стапалата во некоја лагуна. Но, што ќе се случи
ако се воведе конкуренција во сопствената групација? Како во Hyundai, на
пример. Таму има две марки, матичната и Kia. С¢ што прави едната марка умее и
другата. Тоа мора да е беспоштедна битка.
Ја чувствуваме с¢ до тука. Новиот
Accent уште не беше изладен од рефлекторите во Женева кога се појави кај нас.
Со дефинирани цени, скроени пакети на опрема и насмеани хостеси на штандот на
Автоекспо. Веројатно ќе чекавме малку подолго на компактниот модел на Hyundai
ако свежо одомаќената марка Kia тогаш не трубеше насекаде за својот Rio, кој на
големо доцнеше со премиерата, божем случајно погодена во исто време со Accent.
{shsmoothslideshow accent}
Засега Hyundai е во предност.
Најевтиниот Accent го има за 10.250 евра, а лимузината Rio 1.4 LX за 9.993
евра. Како тоа во предност? Така, ако на Kia £ се додадат ABS и EBD со задни
диск-сопирачки и централна брава, ќе биде поскапа за 268 евра, но и понатаму ќе
биде посиромашна за електрика на прозорците.
Ние го добивме на возење Accent во
суперопремената верзија Leader за 11.250 евра, верзија што треба да им фрла
мамка на купувачите на кои цените на вистинските компакти им побегнаа многу
нагоре. Не е сам, тука Accent ќе има тежок противник, Chevrolet Aveo. Со 1,4-литарски
мотор корејската лимузина се добива за најмалку 10.110 евра, без ABS, но со
клима-уред.
Дури сега може да се муабети за тоа
какво е возилото. Пааа, многу е тркалезно. Препознатливо, впечатливо - што не
мора да значи и дека на сите ќе им биде безусловно допадливо. Ако некој признае
дека му е тешко да се навикне на ваков Accent, ќе каже половина од вистината.
Другата половина од вистината е дека во глобални рамки европскиот пазар не е
толку голем за Hyundai. Не е колку американскиот. А таму Accent е џин за
марката.
Сепак, не е тешко човек да го засака
новиот семикомпакт. Посебно ако ги испроба динамичките квалитети. Моторот од
1,4 литри во средината од работното подрачје очекувано го вади типичното
четирицилиндарско татнење, но потоа следува изненадувањето - дотогаш не
премногу заинтересираниот мотор одеднаш се буди и во придружба на здрав звук
ослободува сосема солидна доза на сила на влечење. Убаво моторче што може да се
вози на моменти штедливо, на моменти изразено спортски. И во двата случаја мора
многу да се работи со менувачот, кој, пак, функционира сосема пристојно.
Тука,
очигледно, помагало одделението за развој во Германија, кое претходно кај Getz
и кај Tucson н¢ научи дека во Hyundai може да се ужива зад управувачот. И тоа
вистински. Кога ќе се збрка по свијоци лимузината Accent, навистина, се
наведнува малку повеќе, но тоа воопшто не ги влошува возните својства. Чиста
линија во свијоците, очекувано пролизгување и отсуство на подли реакции при
нагло одземање гас. Не пречи што опашката е мека, ова, сепак, е лимузина.
Не само со формата, туку и со
просторот. Во Hyundai се фалат дека кабината на Accent е за 2 процента поголема
отколку на Toyota Corolla. И багажникот е на ниво на компакт со волуменот од
352 литри.
Новакот во долниот дел од понудата не
се препознава веднаш како Hyundai. Точно, поскап е од стариот Accent и со
дизајнерскиот говор се разликува од убавиците на куќата, Santa Fe и Sonata. Но,
тоа не е причина луѓето што во минатите години научија да ја ценат издржливоста
на Hyundai да ја променат марката. Предлагам еден тест: прашајте некој возач на
Hyundai колку му чини издувниот лонец, или уште подобро, прашајте во сервис.
Никој нема поим …
|