Get Adobe Flash player
Тест: Hyundai i10 Fancy
05.06.2008
hyundai-i10.jpgВториот автомобил во гамата „i на Hyundai, i10 докажува дека корејскиот производител кога се во прашање малите превозници свртел нов лист и на купувачите им доставува понуда која тешко се одбива.

При креирањето на i10 се избришани сите врски со минатото. Се стартувало од бел лист хартија и е создаден автомобил за кого во Hyundai веруваат дека ќе ја зголеми продажбата во својот сегмент за два пати. Убава амбиција, но да видиме како i10 ќе го стори тоа.

Поставен е на нова платформа има најголемо меѓуоскино растојание во класата, следствено нуди најмногу простор во кабината, има пристоен багажник, опремен е, симпатичен, има голема гаранција од 5 години и агресивна цена.

hyundai-i10-8.jpg


 


 


 


 



Стартот е од 7.777 евра за моделот, погодувате,
Start кој доаѓа опремен со кодиран клуч, поддесиви предни светла, деллива задна клупа, серво управување, воздушна перница за возачот и најважното ABS. Со доплата од 220 евра се добива Simple со плус централна брава, електрика на стакла и ретровизори во боја на каросерија, а уште 493 евра повеќе корисникот се разладува со клима во Simple A/C. Врвот го претставува Fancy кој дополнително нуди и светла за малга и спојлер на кров и чини 8.900 евра.

hyundai-i10-1.jpg


 


 


 


 



Потенцијалниот купувач може да го врзе i10 со Kia Picanto затоа што потекнуваат од сестрински марки, но тука нема ништо слично. Станува збор за нова генерација на автомобил поставен на современа механичка основа и покрај ниската цена во него нема ништо евтино. Напротив, i10 е еден модерн автомобил кој изгледа, се чувствува и вози како автомобил од последната генерација.

Симпатичниот дизајн кој се провејува низ новата генерација на возила на Hyundai почнувајќи од Santa Fe, преку i30 го прави малечково вистински шармер кој на прв поглед освојува со широка насмевка, која напросто мами први да го направите судбоносниот чекор и да се запознаете со i10.

hyundai-i10-2.jpg


 


 


 


 



Првиот потег отворање на вратата од возачка страна и сместување зад воланот открива еден нов свет. Голите метални површини, откриените шрафови и евтината пластика кои со децении одеа рака под рака со малечките градски автомобили одат заборав. Арматурата е модерна од квалитетна пластика и делува солидно. Модерна е и таблата со инструменти со огромно тахо на бела подлога во хромиран прстен плетејќи нишка престиж и разбивајќи ја монотонијата. Прави да се чувствувате посебно. Воопшто и не треба да се спомнува дека сите прекинувачи се на место, препознатливи и логични за употреба.

hyundai-i10-7.jpg










Се седи високо пресудно за добар поглед во сите правци и преглед на ситуацијата, посебно во град. Дополнително помагаат огромните ретровизори кои пружаат чист и широк ппоглед назад и при паркирање во тесно. Нема место во град каде
i10 неможе да се протне или паркира. Работата ја олеснува и С носачот. Неговата ширина е погодена, па така велосипедскиот поглед наназад при престројување и свртување или ако не сте сигурни дали во мртвиот агол некој се сокрива воопшто не претставува проблем.

hyundai-i10-3.jpg


 


 


 


 



Но, ова е само дел од исксутвото со
i10. Го стратувате моторот ставате во прва и кинисувате. Гас, втора, повторно гас трета и оп, стигнувате до следниот семафор. Лесно! Играта ја овозможуваат 67 КС кои доаѓаат одпознатиот 1.1 литарски четирицилиндарец, посебно кога моторот се врти на повисоки вртежи. Поради малите димензии пронаоѓањето пат и низ градскиот метеж е лесно и забавно. Во тоа нема да ве спречат ниту нашите ни градски улици полни дупки.

Подвозјето е стегнато, но сепак, i10 не потскокнува и не треба да се лови кога ќе налета на ударна дупка. Добро ги пегла нерамнините и ударите не се пренесуваат во внатрешноста. Притоа отсуствуваат и вибрациите на воланот што значи дека конструкторите на подвозјето одлично си ја завршиле работата. Ново изненадување е управувањето. i10 спремно реагира кога ќе се сврти воланот, а асистенцијата ја обезбедува електромотор, повратни информации за тоа што се случува со предните тркала има доволно иако би можело и подобро. Сепак, тоа не значи дека со i10 неможе да се бришка по свијоци. Колку за потсетување го може и го прави тоа сосема добор. Тракцијата е одлична, во свијок долго останува мирен, навалувањето на каросеријата е умерено, дури и ако се претера i10 нуди големи безбедносни резерви. Кусо речено возните карактеристики на i10 се добри.

hyundai-i10-4.jpg


 


 


 


 



Ов
a упатува дека i10 не е добар само за низ град. Со него лесно може да се скокне на викенд. Внатре простор има и повеќе од доволно сметајќи тука и на патниците на делливата задна клупа. Тука никој нема да се пожали каде да ги смести колениците, освен ако и напред и назад седат натпросечно високи луѓе. Проверено: ако возачот е висок 1.91 cm, а тој што седи зад него 183 cm тогаш има доволно место за колена за тој одзади. Нормално поради ширината одзади неможе да се очекува дека удобно ќе се патува ако се напикаат тројца возрасни патници, но двајца ќе бидат задоволни. Уште повеќе што лесно ќе влезат преку големи врати со широк агол на отворање.

hyundai-i10-5.jpg


 


 


 


 



Дури и багажникот нема да разочара.
Hyundai наведува волумен од 258 литри што е и повеќе од пристојно за автомобил долг едвај преку 3.5 метри. Багажникот е поделен во два дела и под подот се крие корито со прегради, а дури под него се наоѓа резервното тркало. Просто зачудува како конструкторите успеале да обезбедат толку многу простор со олку мал автомобил.

hyundai-i10-6.jpg


 


 


 


 



На отворено за одржување на висок патен просек моторот треба да работи малку понапорно. Очекувано со вртежен момент од 99
Nm. Бара вртежи, но тогаш бучи што на подолги релации не е пријатно. Она што во град е забавно, на долг пат пречи. Тука како помошно средство единствено може да се користи радиото со CD. Но, сето ова се случува при патна брзина повисока од законски предвидените 120 km/h. До таму во i10 патниците сеуште може да муабетат без повишување на гласот.

Доколку сакате, солиден, евтин, опремен, просторен мал автомобил за низ град и повремени излети, i10 е вистинскиот избор. Секако, дека има поевтини, исто така и поскапи и подобри автомобили, но прашањето е кој од нив во десетобој би го победил i10? Соодносот вложено добиено кај нас значи многу токму тука i10 е во предност.

 Hyundai i10 1.1 Fancy
 Мотор  R4 бензин
 Вентили/брегасти оски  3 на цилиндар/1
 Зафатнина (cm3)  1086
 Моќност kW (KS)/вртежи  49(67)/5500
 Вртежен момент Nm/вртежи  99/2800
 Менувач  5-степен мануелен
 Погон  Напред
 Сопирачки  дискови/дискови
 Багажен простор (l)  258/-
 Резервоар (l)  35
 д/ш/в (mm)  3565/1595/1540
 Тежина на празно возило (kg)  1083
 Потрошувачка (l)  6,1/4,4/5,0
 Цена  8.900 евра


 

 

 

Facebook