Да се посее семето на успехот и да се освои европскиот
пазар на автомобили. Тоа беше идејата водилка на Kia, вториот по
големина корејски производител на автомобили.
За таа цел Kia вложи импресивни
1.1 милијарди евра во изградба на фабрика во Жлина, Словачка и ги ангажираше
најдобрите европски дизајнери и инженери. Нивна задача беше да направат целосно
нов автмобил почнувајќи од бел лист хартија што равноправно ќе се носи со
европските конкуренти. Смел потег на Kia. Но, ризикот се
исплатеше. Конечно во еден корејски автомобил се вкомпонирани европски гени. И
тоа им се допаѓа на европјаните, но не и на европските производители. Најмногу
поради фактот дека ниту една производител од стариот континент не нуди 7 години
гаранција. Ова важи за во Европа. Сепак, и кај нас Kia Cee’d доаѓа со
дооолга гаранција од 5 години. Ова е доволно кажува колку кореанците веруваат
во својот производ.
На прв поглед, но и кога внимателно ќе се разгледа Cee’d
дефинитивно личи европски. Јасно е дека дизајнерите и конструкторите сакале да
направат еден прилично урамнотежен автомобил што ќе може да им се спротивстави
пред се на германското трио VW Golf, Ford Focus и Оpel
Astra. Но, на одговорните во Kia им беше јасно дека за да се справат со жестоката
конкуренција покрај големата гаранција и апсолутната безбедност со 5 ѕвездички
на Euro NCAP мора да понудат и повеќе од совршен сооднос
вложено-добиено. Па така, очекувано, цената на Cee’d стартува
под цената на европските компакти, но со опрема каде клима уредот доаѓа сериски
од основното ниво и ја лади фиоката пред совозачот, како и првиот фабрички
вграден аудио систем на Kia кој поврзан со звучниците на Blaupunkt
произведува одличен звук на кого нема да му забележат ниту ревносните
аудиофили. Кабината е делот од автомобилот што многу повеќе изненадува од
надворешноста.
Надвор владее смирен дизајн без непотребни стилски
експерименти. Дури би можело да се забележи дека дизајнот на Cee’d е
германски чист. Токму таа чистина му дава малку безвременски лик и претпоставка: поради тоа
нема брзо да излезе од мода.
Доколку однадвор Cee’d не ве турне
наземи на помош доаѓа кабината. Прецизни споеви, цврсти седишта со висок
потпирач кој нуди целосна поддршка на грбот, арматура обложена со мека
пластика, прекинувачи кои на допир се чуствуваат како да се преслечени со гума,
цврсто споени елементи... Едноставно насекаде се препознава квалитет. Замерката
оди на долниот дел од облогите на вратите кои со својот изглед не
соодејствуваат со впечатокот што го остава останатиот дел од патничкиот простор.
Односно изгледаат евтино.
Простор има многу. Дури и ако на возачкото седиште седи
човек повисок од просекот (тука ги дисквалификуваме двометрашите), зад него
сеуште ќе има место за уште еден возрасен. Доволно простор и за колениците и за
нозете, но и за рамењата. Багажникот со 340 литри е меѓу најмалите во класата и
го плаќа данокот на мултилинк задната оска која покрај тоа што зафаќа простор и
чини многу пари вреди.
Виновна за уште една доблест на Cee’d, возните
својства. Управувањето е прецизно и испраќа доволно повратни информации до
возачот. Станува збор за електро-серво управување MDРS (Motor
Driven Power Stiring) кое доаѓа од основниот модел. При поголема брзина се
однесува безмалку како сервото да е исклучено и овозможува да се почувствува се
што се случува со предните тркала и асфалтот под нив. А при ниска брзина,
посебно при паркирање, е лесен и може да се врти со еден прст.
Погонските тркала солидно ја пренесуваат моќта на
подлога. Тука нема проблеми со тракцијата, а мирниот преден крај го надополнува
задната оска правејќи го автомобилот жив и агилен во свијоци. Нема потреба од
дополнителни корекции со воланот. Cee’d прецизно ја следи
зададената линија правејќи го возењето низ свијоци изненадувачки флуидно. Сето
ова е долг и на прилично цврстата
суспензија кој го држи автомобилот како залепен за асфалтот, но не се снаоѓа
најдобро со нашиве патишта полни дупки. Секој удар во дупка е проследен со едно
гласно „туп”.
Најслабиот мотор во понудата на Cee’d, 1.4
литарецот со 109 КС е вистинско откритие, посебно кога ќе се спореди со
конкуренцијата која со истата зафатнина не оди преку 90 КС. Моторот има
доволно џус за да го влече автомобилот дури и во средни вртежи кога располага
со пристоен вртежен момент и покрај тоа што максималните 137 Nm се остваруваат
при високи 5.000 вртежи. Cee’d забрзува до 100 km/h за 11,6 секунди и достигнува
максимални 187 km/h. Одзивот на педалот за гас е моментален, моторот лесно се
врти, сака вртежи, но тогаш сака и да бучи. Опремен е со CVVT
(Continuosly variable valve timing) што му овозможува да испорачува голема моќ на ниски и
средни вртежи. Технолошки CVVT е сличен на VVT-i од Toyotа.
Сличноста не треба да изненадува со оглед на фактот дека помеѓу двете компании
постои долгогодишна соработка, посебно на полето на развој на нови мотори.
Преносот е преку пет степен мануелен менувач кој е
прецизен има кратки и цврсто одредени одови и мами да се посега по него иако
поради карактеристиките на моторот тоа не е потребно. Замерката оди до
бесчувствителните педали за гас и за сопирачката. Додека преку гаста некако и
може да се помине, сопирачката бара долго и трпеливо навикнување. Ревносната
реакција при мал допир знае да биде непријатно изненадување. Посебно поради
големата сила на сопирање и ефикасноста.
Не е тајна дека Cee’d е еден комплетен
автомобил пристојно опремен со пространа кабина, добра изработка, добра возна
динамика, пристоен дизајн, реална цена, голема гаранција и нуди добар сооднос
вложено/добиено. За кратко време стана популарен и не треба да не чуди доколку стане
автомобил од типот на Corola или Golf преку кој ќе се распознава приозводителот, а не
обратно.
| Kia Cee'd 1.4 LX |
| Мотор |
R4 бензин
|
| Вентили/брегасти оски |
4 на цилиндар/2 |
| Зафатнина (cm3) |
1396 |
| Моќност kW (KS)/вртежи |
80 (109)/6200 |
| Вртежен момент Nm/вртежи |
137/5000 |
| Менувач |
5-степен мануелен
|
| Погон |
напред
|
| Сопирачки |
дискови/дискови |
| Багажен простор (l) |
340/1300 |
| Резервоар (l) |
53 |
| д/ш/в (mm) |
4235/1790/1480 |
| Тежина на празно возило (kg) |
1263 |
| Потрошувачка (l) |
7,6/5,2/6,1 |
| Цена |
12.800 евра |
|