Get Adobe Flash player
Тест: Mazda 3 1.6 CD
30.03.2007
mazda_page_1_image_0001_copyНа јапонскиот компакт му оди одлично. Досега љубителите на дизели кај Mazda 3 го добиваа само максимумот. Со 90 КС новиот дизел во понудата цели кон тие што не бараат многу

Само уште малку и е потребно за да стигне до првото милионче. Mazda 3, која, според покажаното на досегашните тестови, заслужи да ја наречеме јапонски Golf, од 2003 година досега се произведе во повеќе од 920.000 примероци. Очигледно дека ниту на купувачите, ниту, пак, нам на досегашните тестови не ни пречеше тоа што при поголема надворешна должина (4,42 метри) искористеноста на просторот и големината на багажникот заостануваат во однос на дел од конкурентите. Тоа што го нуди јапонската „тројка” е спортски скроена каросерија, добар комфор во возењето и солидни возни својства.

Како таква, Mazda 3 ни се допадна. Но, што ќе се случи ако £ се одземе дел од привлечноста? На пример, ако моќта £ се скуси за дваесетина коњски сили. И ако уште и опремата на возилото дадено на пробно возење не е како што обично умеат во Аутокомерц, на врвно ниво, туку е само најосновното.

{shsmoothslideshow mazda3fl} 

За моторот нема причина да се страхува. Со 90 КС првиот дизел во понудата во гамата на Mazda 3 не е секогаш најбрз на семафор или на автопат, но тоа што се добива е сосема пристојно. Забрзување до темпо 100 за шест десетинки (12,2 секунди) побавно од верзијата со 110 КС и крајна брзина пониска за осум единици (174 km/h). Пријатно сознание е што и потрошувачката опаѓа за една чашка и со нормално динамично возење се одржува вредност од околу шест литри за секои сто километри извозени во град. Перформансите не претрпуваат голема жртва со тоа што купувачот ќе се реши да заштеди при купувањето на јапонскиот компакт. Дури, субјективно, возачот повеќе би рекол дека се работи за 100 отколку за 90 КС.

 

Основниот 1,6-литарски дизел ги има истите манири со посилната верзија. Тоа значи дека само во најниското работно подрачје открива дека е дизел, и тоа главно преку звукот, нема слабост при поаѓањето, силата на повлекување ја задржува и кога ќе се премине во последната третина од дозволените вртежи. На читателите веќе им е познато дека оваа машина ја користат и Peugeot, Citroën, Ford и Volvo.

Опремата нема што да прикрива и да се оддолжува за механичките слабости на возилото. Тоа што мануелен клима-уред и пристојно парче аудиотехника се добива во основното ниво е широкоград потег на Mazda. Единственото што ни недостигаше во Mazda 3 CD90 беше боја. Не однадвор, туку внатре. И тоа црна боја, по можност. Бледосивата боја на половината од внатрешноста прави пластиката да изгледа неквалитетно. А, во суштина, тоа е истата пластика што се користи во целата гама на „тројката” на Mazda.

Во ваква кондиција Mazda 3 нема никаков проблем да се спротивстави на конкуренцијата од Далечниот Исток .„Тројката” сака да игра во победничката лига.

 

 

 

Facebook