Get Adobe Flash player
Тест: Mazda 6 facelift
29.03.2007
mazda6_2005_035_screenКога се појави Mazda6 ги преплаши докажаните големци во класата. Освен со издржливоста, привлекуваше и со изгледот. Сега уште повеќе

Замислете го ова: Џемс Бонд вози Mazda6. Се разбира дека пред следниот ангажман ќе го посети генијалниот пронаоѓач Кју во тајната гаража. И оттаму ќе излезе со автомобил облагороден со многубројни ситни, но корисни детали.

Нож за режење гуми, управувани ракети и огнофрлачи се веќе надминати работи. Јапонскиот Кју од Mazda во рамките на моделската нега за 2005 година сака конкретни работи: посилни мотори, двојна издувна цевка кај дволитарскиот бензинец, нови облоги на седиштата, дебело поставен потпирач за рака, инструменти украсени со хром и средишна конзола со изглед на титаниум во повисоките нивоа на опрема.


„Но, тоа не е с¢”, ќе се насмевне Кју. И продолжува: предупредување за ремен за задните седишта, електрика и за задните прозорци, радио со цедеплеер - сериски. Нов е и преклопниот клуч за возилото со интегрирано далечинско ракување и затворање на прозорците и на вратите.

Како опција во ценовникот стои системот „Login” за пристап и стартување без клуч во комбинација со алармен уред. И автоматика за светлата и бришачите. Кожената внатрешност, за која мора да се доплати, сега се добива со мемориска функција за електричното местење на седиштата.

Невидлива промена се крие под хаубата: дволитарскиот бензинец е засилен од 141 на 147 КС, посилниот од двата дизела (сериски со филтри за честички) сега место 136 развива 143 КС. Со исклучок на 1,8-литарскиот основен мотор со мануелен петостепен менувач, сите поголеми мотори менуваат со шест степени, а по избор и автоматски со пет степени.

Преработената Mazda6 однадвор се препознава по новите одбојници, а дотеран е изгледот и на светлата и на предната маска. На крајот нов дизајн добија и леснометалните бандажи. Многу работа за Кју - и на крајот цената за сето тоа с¢ уште може да се поднесе. Влезот во основниот бензинец чини 22.300 евра (плус 3.850 евра од претходно), а најевтиниот дизел стартува од 23.350 евра (плус 2.650 евра).

Mazda6 ги задржа старите доблести. На пример, високата практичност во можноста за соборување на поделената задна клупа со само еден потег. Но, не каков било, туку со специјален потег „каракури” (така се нарекуваат преклопните јапонски кукли) - нема потреба ниту потпирачите за глава да се отстрануваат.

Сепак, сета убавина ќе биде за џабе ако автомобилот не вози како што треба. А вози. И подвозјето претрпи малку промени, исто како и каросеријата. Резултатот од првото се огледува во подобра управливост со спортска нота, а од второто во пониското ниво на бучава.

Австријците што се задолжени за нашиов пазар ни донесоа на возење убавици: Mazda6 Sport Combi 2,3i GT, едната со погон на сите тркала и автоматски менувач, другата со класичен менувач. Моторот им е ист, но возилата се сосема различни. Едното ја чува резервата за случај кога подлогата нема да биде сува, а другото се расфрла со моќ и како препородено вреска од задоволство кога ќе се заврти над 5.000 вртежи. Иако спортско, подвозјето не ги удира патниците безмилосно. Единствено, останува енигма зошто во мануелната програма на автоматскиот менувач степените се менуваат обратно - напред во понизок, назад во повисок степен.

Олку труд воопшто не беше потребен, автомобилот ќе се продаваше добро и без некој посебен дизајн. Тоа што „шестката” го нуди сериски ретко може да се доплати на друго место. Mazda6 е најиздржливиот автомобил на супертестот на AUTO BILD - единствен што ја освоил највисоката оценка 1. Веројатно е и најубавиот издржлив автомобил - но тоа не е мерливо.

 

 

 

Facebook