Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Тест: Mercedes ML 320 CDI
03.04.2007
mklasanТеренецот од Mercedes влече тешка карпа имиџ и традиција со себе. Сепак, ML го искористува тоа како предност

Oва црново плашило не ни вози туку-така по улиците. Во мисија е. Вистина, преплашува со масивноста, но друга му е целта. Тој ја претставува големината на марката со сребрена ѕвезда, нејзината моќ да направи Mercedes од тип на возило што, гледано според должината на традицијата на фирмата, е безначајно кусо време на пазарот.

Е да, има уште една мисија. Да излезе од сенката на претходникот, W163. Тој имаше проблеми со квалитетот, дизелот доцнеше, управливоста беше алипна поради евтиното подвозје, роковите на испорака беа долги, а изгледот потсетуваше на сапунче. На шега велевме: Sorento изгледа како поубава класа М. Но, успехот во продажбата беше грандиозен. Луѓето ја обожуваа.

{shsmoothslideshow mlklasa} 

Mercedes ги стави на срце сите критики. Ете ја внатрешноста: инструментите како две туби, тркалезни отвори за воздух, филигрански управувач со апликации од алуминиум и меко обложени шипки меѓу предните седишта. Супер. Се промени и седењето. Место како на табуретка, возачот сега се чувствува поинтегриран со возилото. Се патува на исклучително богато одмерени фотелји, се ужива во богата просторна понуда, со ракувањето нема проблеми (откако возачот ќе се навикне дека рачката на менувачот е зад управувачот), а во поглед на користените материјали, човек се чувствува згрижен како гроф. Како што треба да биде во Mercedes.

Ха, од ова може да се биде пресреќен дури и без возилото да се помести за еден метар. Сепак, тестовите на AUTO BILD не се прават така. Комфорот е апсолутно силна страна. Уште посилна ако има пневматска суспензија, која како екстра ја имаше овој црниов. Никој друг теренец не минува толку меко преку куси нерамнини или лепенки во асфалтот. Секому кому овој комфор му е малку би морал да избере луксузна лимузина.

Штета што управувањето не одговара со комфорниот карактер. Вистина, тоа е пријатно директно и многу почувствително отколку на претходникот, но е многу тешко. Пред с¢ в град класата М поради тоа изгледа непотребно неуправлива.

Тоа што од погонската механика особено одушевува е автоматикот. Молскавично префрлува во најпогодениот степен и меко и без да се почувствува ги сервира седумте степени. Дури, во состојба е и да заштеди гориво бидејќи има автоматско премостување на претворачот на вртежен момент, познат расипник на горивото кај автоматиците.

По потреба, Mercedes може и да се збрка, подвозјето сега го дозволува тоа. Брзината што може да се постигне в свијок е многу висока, пред да се вклучи ESP. Колкав товар имале инженерите да го постигнат тоа се чувстува ако силно се сопре при темпо 200. Застрашувачки! Не би имал доверба да седнам во друго возило тешко два и кусур тони и да го возам двесте ако не носи значка напред. Со сигурност!

Тимот за развој многу внимавал и на теренските квалитети. Но, целата сложена техника е на крајот на своите можности кога сите четири тркала се вртат во место, практично, со иста брзина. На каллива подлога перолесниот Suzuki Jimny оклештен врти крукчиња околу карпава имиџ потоната в кал.

И што научивме од тоа? И денес не може да се има с¢. Неверојатниот напредок во комфорот, темпото и безбедноста кај актуелниот теренец од вишата класа не смее да н¢ измами дека физиката може да се надитри. Кој мисли дека може да се извлече од калта со едноставно притискање магично копче, не би требало да го испробува тоа. Со гуми за асфалт тоа е само сон. Заклучокот, сепак, е кус: ML е најдобриот спортски теренец што постои во моментов.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook