Get Adobe Flash player
Тест на 29 зимски гуми
01.11.2007
gumiАвтомобилскиот клуб на Германија, познатиот ADAC, на есен вообичаено прави тест на зимски гуми и ги објавува резултатите со цел возачите полесно да изберат кои гуми ќе ги купат.

Иако најверојатно втора година по ред во нашиве краишта нема да имаме зима во вистински смисол на зборот, сепак, на сите ни е познато дека со зимските услови на пат нема играње.

Затоа секогаш се исплатува да се вложат малку повеќе пари и да се купат подобри гуми со цел смирено да се пресретнат сите предизвици што можат да се исправат пред нас кога се патува во лоши временски и патни услови.

Знаеме дека единствениот физички контакт што автомобилот го има со подлогата е гумата, а допирната површина изнесува само неколку десетина сантиметри квадратни, па оттука штедењето на гуми може да биде контрапродуктивно па дури и опасно.

За тест експертите од ADAC ги земале во предвид, според нив, најпродаваните димензии на гуми 155/70 R 13 и 205/55 R 16 и ги оцениле со, од „Особено се препорачуваат”, до ”Не се препорачуваат”.

За целосен увид во тестот кликнете на сликичката:

13 16

 

 

 

Facebook