„207” трката ја почнува како наследник на бестселерот „206”. Видливо пораснат, тој треба да се приклучи на успесите на малиот миленик
С¢ почна во 1929 година. Тогаш со „201” се појави првиот Peugeot со 2 како почетна бројката и 0 во средината. Оваа производствена серија со 202, 203 итн. беше енормно важна за Peugeot – речиси една третина од сите произведени примероци на Peugeot £ припаѓаат токму на оваа серија. Огромни успеси забележаа двата бестселери: „205” (од 1983 година, 5,3 милиони примероци) и „206” (од 1998 година, 5,4 милиони примероци). Новата „207” сега мора, навистина, да се потруди. Дали таа го има вистинското нешто за сето тоа?
„207” изгледа прилично динамично, со голема фамилијарна маска, многу накосено предно стакло и тркалезен задник. Згора на тоа, за разлика од „206” таа е, навистина, порасната: 21 cm во должина (4,03 m), речис 10 cm во ширина (1,75 метри) и 5 cm во висина (1,47 m). Тоа, всушност, се големини како кај Fiat Grande Punto, додека VW Polo е за 11 cm пократок - а со тоа поблиску до класата Mini.
<!--[if !supportEmptyParas]-->Ова растење може целосно да се почувствува: во „207” на предните седишта се седи особено комфорно. Пријатно е, пред с¢, во ширина. Одзади предностите не се толку забележливи, посебно не во висина. Но, сигурно е дека просторот за багажникот се зголемил и сега во него пасуваат 270, место претходно 245 литри. Уште од основниот пакет на опрема задната клупа и потпирачот се преклопуваат.
{shsmoothslideshow p207}
<!--[if !supportEmptyParas]-->Многу добар дизајн – тука се крие чувство
Кокпитот и внатрешниот дизајн се направени со многу чувство, исто како и надворешноста, симпатично и единствено во секој случај. Првите примероци од Peugeot беа обработени рутински, но се очекува уште поголема прецизност во обработка на деталите.
Од првото тест-возење најголем впечаток остави новиот 1,6-литарски HDI со 109 КС. Агрегатот потекнува од соработката со Ford. Toj e моќен, тивок, врти високо, повлекува моќно – перфектно. И - едвај за верување - од хромираната издувна цевка испушта звук речиси како пиштење, како тјуниран бензинец. Во комбинација со лесниот и прецизен петостепен менувач и прилично директното сервоуправување овој дизел причинува вистинско задоволство.
Како и многу нови автомобили, исто така, и „207” вози изненадувачки цврсто – со 17-инчни тркала на тестот и гуми 215/45 Pirelli P Zero Nero. Сето ова условува. Ѓаволчево тешко се исфрла од рамнотежа. Некому овие ковчести пружини би му пречеле бидејќи станува збор за еден мал, а не за спортски автомобил.
На самиот старт ќе се нудат и два бензинца, со 88 и со 109 КС, како и еден HDI FAP од 1,4 литри и 90 КС. Во септември треба да се појави уште еден бензинец, со 75 КС и мотори што потекнуваат од соработката со BMW: 1,6-литарски бензинец со 115 КС и со 150 КС.
<!--[if !supportEmptyParas]-->Цените за новата „207” ќе почнуваат од 10.990 евра за основната верзија со три врати Urban 75 со бензински мотор од 1,4 l. За споредба: „206” и понатаму ќе се произведува и како и порано ќе стартува од 9.990 евра. 207 Sport FAP 110 со 1,6-литарски HDI чини 17.200 евра, а доплатата за верзијата со пет врати изнесува 500 евра.
<!--[if !supportEmptyParas]-->ESP чини 450 евра, а од Sport се добива сериски
Со цените Peugeot се поставува како Fiat Grande Punto и VW Polo, додека Renault Clio е поскап. Моторите можат да се комбинираат со четири пакети на опрема: Urban, Trendy, Sport и Feline (види рамка). ESP кај Urban и Trendy чини 450 евра, додека сериски се добива од Sport.
Првите впечатоци се дека „207” е успешен обид, угледен и шармантен. Навистина интересно ќе биде со новиот HDI 90 КС и агрегатите од BMW.
|