Seat прави тјунинг од поинаков вид и
во стил на pimp-my-ride ја продолжува Altea во големина XL. Резултатот:
компактен ван со огромен багажник. Нашите впечатоци од првото возење на Altea XL во Барцелона.
Кратенката XL ретко не потсетува на елегантна
појава. Повеќе ни отвора апетит на огромни хамбургери, гломазни шишиња лимонада
и мрсни семејни пици, какви со задоволство нарачуваат деца со прекумерна
тежина. Кај Seat, XL стои за повеќе простор за багаж. Altea XL може да си ја замислиме како нарасната
Altea. Во должина е
порасната за 18,7 сантиметри, а багажникот рипна од 409 на 532 литри.
Досега ништо спектакуларно. Altea и досега не ни
беше малечка. Можеби на некои не им се допаѓаше задниот дел. XL е дефинитивно
поубавата Altea, за што најмногу придонесуваат поголемите задни светла. Типичниот нос на Seat и динамичниот
профил го издвојуваат XL од едноличјето што го налага формата на ванот. Што би се
рекло, од километар се познава дека е Altea.
Погледнете ја галеријата
{shsmoothslideshow smgal}
Одушевувањето се задржува и во
внатрешноста, Seat доста се потрудил да среди тука. Се добива многу поголем квалитет и на око
и на допир отколку што може да се очекува од цената што се плаќа. XL без грешка ја оправдува доплатата од 1.000 евра во
однос на нормалната Altea. Задоволството почнува од 17.700 евра за 1.6
Reference.
Немаат сите ванови подвозје што нема да
дозволи каросеријата да забегува настрана во свијоците. Ќе погодите, Altea XL има баш такво.
Амортизацијата добро знае што треба да работи, менувачот го има типичниот
строго одреден од на VW, сопирачките се дозираат добро – Seat XL нема да ги натера
неговите сопственици да ѕиркаат љубоморно по другите компактни ванови.
Некако се чини дека удел во тоа има и
опремата. Уште во основната Reference лади клима-уред, забавува радио од шест звучници, а
децата се радуваат на масичките што им се преклопуваат. Да не се заборави:
задните седишта не се повеќе простор само за деца. Клупата оди 16 сантиметри
напред-назад, па патувањето на долги релации може да биде вистинско уживање.
Под хаубата вртат три бензинци (102,
150 и 160 КС) и три дизели со 105, 140 и 170 КС. Дизелот со 140 КС е добра
комбинација со менувачот DSG, а верзијата со 170 КС што ја возевме на презентацијата
во Барцелона одушевува со вртежниот момент од 350 њутнметри при 1800 вртежи. И
звучната изолација е пристојна. Најубавото: XL останува скромна и во вакво
издание, потрошувачката на TDI 170 е само 6,2 литри.
| Seat Altea XL TDI 170 |
| Основни податоци |
| Мотор |
R4, 1968 ccm, 16V |
| Моќност |
170ks @ 4200/min |
Вртежен момент
|
350Nm @ 3800/min
|
Крајна брзина
|
211 km/h
|
| 0-100 km/h |
8,7s
|
| Потрошувачка |
6,2 l/100km |
|