Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Тест: Seat Leon 2.0 TDI DSG
03.04.2007
leonnЕфектот е постигнат. Leon ги следи успешните линии од постарата Altea, но има добиено во лутина. Пресудна во настапот на медитеранскиот шармер

Велат еден грам имиџ вреди повеќе од еден килограм вистински вредности. Или барем е така на прв поглед. Иако се чини невозможно, SEAT ги спои двете. И можеме да кажеме сосема успешно. Ниту една марка во последно време не настапува толку агресивно на пазарот креирајќи сопствен идентитет во групацијата VAG. Срамежливите почетоци на Шпанците под капата на концернот во кој орбитираат марки како Bentley, Bugatti и Lamborghini се заборавени и се дел од едно далечно минато.

Сега SEAT настапува агресивно, со имиџ на спортист во концернот и со сите предности што ги нуди припадноста на VAG. Всушност, SEAT заедно со разјарениот бик од Модена, Lamborghini, му припаѓа на престижниот AUDI. Но, за разлика од студената техничка одредба на германскиот шеф SEAT изобилува со широко обожуваниот медитерански шарм. Ова посебно важи за новото милениче Leon.

{shsmoothslideshow seatleondsg} 

Има и зошто. Домашниот дизајнер Валтер да Силва го претвори Leon во енергичен заводник. Вистински Дон Жуан на четири тркала. Кусиот и кренат задник и нискиот и долг превис што ја обележува предницата го заокружуваат карактерот на автомобилот. Тука нема што да се измислува. Едноставно, Leon плени со форма, која привлекува луѓе со свеж дух и со бензин во крвта.

Инспириран од архитектурата на Гауди

Leon личи како креација создадена врз рамка поставена од познатиот архитект Антонио Гауди. Творец на катедралата во Барселона, која ја карактеризираат аморфни форми и отсуство на прави линии. Дури и големиот уметник би бил горд од дизајн составен од множество кружници, кои се пресекуваат една со друга во повеќе рамнини. Формата е веќе позната од Altea и од Toledo. SEAT игра на карта фрлена од другите производители, а тоа е препознатливост на марката.

Дури и малите автомобили треба да личат на големите за да го задржат престижот. Но, истоветните форми во дизајнот понекогаш и не се толку генијален потег. Во случајов имаме повторување на веќе виденото со мали измени за да се добие на лутина. Сепак, Да Силва го постигна ефектот. Leon е многу попопуларен од постарата Altea, која го носи оригиналот од дизајнот со тркалезни форми.

Ниту внатрешноста не отскокнува од поставената тркалезна основа. Што, пред с¢, се огледува во кокпитот. Многумина би се согласиле таблата со инструменти и средишната конзола во автомобилите да се нарекува кокпит карактеристичен, пред с¢, за еден авион или, пак, тркачки болиди. Тоа што стои пред возачот во Leon недвојбено е кокпит. Сместени во тесно скроено спортско седиште пред очи гледате излеана елипсовидна форма на арматурата преку која лизга погледот пред да падне директно на асфалтот.

Значи ваква е положбата во еден тркачки автомобил? Ниско седење, високо поставен раб од страничното стакло, испружени нозе и управувач што дланките милуваат да го стегнат. Дури и совозачот ужива во дадената позиција. За разлика од другите атлети, Leon не ги казнува патниците на задната клупа. Земена од Altea и од Toledo и сместена неколку сантиметри пониско таа нуди комфор.

Спортски гени и шик дизајн не одат заедно со практичноста. Прегледноста е лоша, маневрирањето низ градскиот метеж бара навикнување, додека тесниот отвор и високиот товарен раб го отежнуваат користењето на багажникот. Но, ова не е причина да не се ужива во благодетите што ги нуди Leon, пред с¢ со моќниот дволитарец со технологија TDI и автоматскиот менувач со директно менување на степените DSG.

Leon нуди многу за вложеното

Тоа што прво паѓа в очи е односот опрема-цена. Најскапиот Leon 2.0 TDI DSG Stylance чини 21.990 евра. Не е малку, но нуди многу. Зошто? Затоа што исто опремен Golf со пет врати чини околу 6.000 евра повеќе. Ценовна разлика за која вреди да се размислува. Веќе во серија се ужива во благодетите на двозонскиот климатроник, радио со цеде или, пак, во електроника што ја помага тракцијата и сијасет забавна електроника.

Но, за електронската програма за стабилност ESP што го задржува автомобилот на пат дури и кога ќе се претера треба да се доплати. Секако, Leon ужива во придобивката од концернот, а тоа е изобилство дополнителна опрема и можност за давање личен белег. Најпопуларен меѓу опциите, секако, е спортскиот пакет, кој стана специјалност на SEAT. Искуството од тркачките патеки и од релијата Шпанците го пренесуваат на пат. Во овој пакет се добива стегнато подвозје, кое му годи на спортскиот имиџ на автомобилот, спортски седишта и големи 17-инчни бандажи.

Во Кадис решиле да ја дополнат ова опција со уште поголеми тркала. Овој Leon носеше бандажи од 18 инчи, што специјално за SEAT Sport ги изработува BBS, и гуми 225/40. Комбинацијата се потврди како совршена за совладување свијоци, но оди на штета на комфорот на градските улици полни со ударни дупки. Сепак, задната оска мултилинк, благодет од VW, му дозволува на Leon пристојно да минува преку лошиот асфалт. Без непријатно тропање, како што е случај кај конкурентите каде што одзади работи торзиска оска.

Менувачот DSG, исто така, од VW е совршен за низ град со возење тргни-застани. Но, при тргнување се колеба. За да се стартува доволно брзо и да се побегне на семафор е потребно решително притискање на педалот за гас. Тогаш 140 КС и вртежниот момент од големи 320 Nm го забрзуваат Leon молскавично, посебно во програмата спорт. Префрлањето на степените е течно, но автоматиката понекогаш знае да се збуни. Непријатно кога во вас ќе се разбуди спортистот. Веруваме дека еден моќен бензински мотор во спрега со прецизен мануелен менувач многу повеќе му годи на еден спортски карактер отколку дизел со автоматика, па макар и да е директната DSG. Но, тука постои противаргумент - потрошувачката.

Имиџ и квалитет во едно. Тоа е предноста на Leon. Богато опремен во серија и со широк избор на додатоци. Кога ќе се опуштите во давањето лични белези цената оди до небо, но и тоа е дел од шмекерскиот настап на лавот од Шпанија.

Технички податоци

SEAT Leon 2.0 TDI DSG Stylance

Дизел R4 со директно вшприцување и турбонатполнење · четири вентили по цилиндар, dohc · зафатнина 1.968 cm3 · моќ 103 kW (140 КС) при 4.000/min · вртежен момент 320 Nm при 1.750/min · шестостепен автоматски менувач DSG · погон на предни тркала · празно возило 1.315 kg · носивост 570 kg · гуми 225/40 R 18 · багажник 341 литри · д/ш/в 4.315/1.770/1.460 mm · резервоар 55 литри · забрзување до 100 km/h за 9,3 s · Vmax 205 km/h · потрошувачка (град/отв./просек) 7,3/4,9/5,7 литри

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook