Малечкото од Toyota сака да биде
совршено градско возило со автоматизираниот менувач ММТ. Но, некогаш е подобро
работите да се имаат под контрола
Модерното производство на автомобили на
глобализираниот свет во кој камбаните бијат за цените да се спуштат го овозможи
тоа. Три автомобилски џуџиња што излегуваат од иста фабрика и од иста лента.
Трипати истото. Но, не ќе да е така. Од француско-јапонското градско трио, Aygo
беше лансирано прво - не затоа што поголемиот дел од инженерингот и бензинскиот
мотор се сопственост на Toyota.
Не, причината е што Toyota испланира
најамбициозен маркетиншки план и £ беше потребно време да се изглупира со
маички и комични подлошки за пиво и да биде главен спонзор на музички
фестивали, за на крајот сето тоа да даде резултат. И уште ова: малечка Toyota
во светот не значи ништо, за разлика од малечко Peugeot или Citroën, кои ги
споменува и автомобилската историја.
{shsmoothslideshow aygommt}
Ништо страшно, тука се експертите за
маркетинг, кои денес умеат да обработат секаков автомобил. И да н¢ разубедат
дека Gallardo е само малку подобар S6. Aygo веќе еднаш го возевме и не бевме
посебно одушевени. Главно поради цената. Инаку, духот на Toyota се чувствува во
возилото. На пример, се забележува добра завршна обработка и пристојни
материјали, каросеријата е крута и ракувањето е едноставно.
Тоа што требаше да биде поинакво во
второто Aygo - веројатно наменето да ни го подобри впечатокот за автомобилот -
беше преносот. Работата со менувачот и спојката во Aygo MMT ја преземаат
електромеханички активатори со поддршка од електронска управувачка единица.
Возачот сам решава дали степените ќе ги менува рачно со притискање на рачката
на менувачот или ќе £ препушти на електрониката.
Во материјалот за печат го
напишале ова: „Пред с¢ во градското подрачје со често запирање и поаѓање
менувачот ММТ нуди значително поголем комфор во возењето во автоматската
положба”. Да, вистина е, возењето со ММТ в град е поубаво. Но, само ако радиото
е пуштено многу гласно и не сакате да чуете како електрониката колебливо ги
менува степените. Горе-долу, цело време. ММТ, дефинитивно, не оди во скопски
Жданец.
Aygo не умее да се искачува нормално, менувачот не го прифаќа првиот
степен, а вториот е предолг за моторот да повлече. Барем на поголема нагорнина
е така. За Водно ќе заврши работа. Некоја долгонога убавица можеби ќе ужива во
овој Aygo. Неа не ја интересира како функционираат работите во нејзиното слатко
малечко. Менувачот се смирува на автопат. Но, тука Aygo не треба да се вози
предолго. Подвозјето удира оздола.
И повторно малку околу парите. За оваа
автоматизирана количка да ја шетате на шопинг низ град треба да платите 11.290
евра. Може да биде за 300 евра поевтино ако се вози со еден чифт врати помалку.
Но, тогаш ќе пречи што предните седишта немаат меморија. А за тие пари може да
се купи Yaris. Тоа е веќе Toyota.
|