Ниска цена, малечок автомобил - значи
дека и барањата се мали? Не, Toyota не смее да си го дозволи тоа. Aygo покажува
дека е доволно созреан
Да ги заборавиме сите светкави
лимузини, купеа спуштени до земја, кабриолети со дреч кожа и сите други
автомобилски појави на кои им се восхитувавме досега. Главниот мангуп по кој
моментно се насочени симпатичните погледи на девојките и загрижените погледи на
татковците е едно неугледно малечко автомобилче, од тајфата што досега незабележано
ги мереше улиците. Се работи за Aygo, од Toyota, марка по која обично никој не
се завртувал оти му е убава, ами оти знае дека ќе му трае.
Не, не, почитуваните шетачи на
неодоливите автомобилски парчиња и натаму не ќе мора да се плашат за својата
неприкосновеност. Причината што девојките почнуваат да го меркаат Aygo е само
од површна природа: автомобилчето е убавко. Необично, може да се рече. Дури, со
смелите рашетувања на линијата на дизајнот во необични правци, малечкото од
Toyota заличува на некое од возилата на Мики Маус. Малечко невино автомобилче
со кое задоволно би си заспале гушнати в кревет.
{shsmoothslideshow aygo}
Вторите што се вртат по возилото се
татковците на истите овие девојки. Не затоа што медиумите го рашетуваа Aygo
изналепено како подвижна реклама по улиците. Туку во паника што ќе мораат да
дадат многу пари за толку малечко парче автомобил: 8.690 евра или 2,55 евра за
секој милиметар автомобил. Но, што знаат па тие, старци едни!
Што £ се случи на Toyota за да направи
вакво автомобилче? Коалиција, ете што. Се здружи со Peugeot и Citroën за заедно
да прават малечки возила во фабриката во Колин во Чешка. Така е поевтино.
Фабриката и проектот ќе постигнат рентабилност со тоа што ќе произведуваат
300.000 возила годишно, по 100.000 од секоја марка. Аналитичарите тврдат дека
малечок автомобил стокмен според современи стандарди денес не може да се
произведува исплатливо ако не е во серија од најмалку 200.000 примероци
годишно. Затоа и ја снема старата класа на обични малечки возила, во која
метузалемат само уште Renault Twingo и Ford Ka. За да се има современо малечко
возило денес е потребна заедничка работа. Оваа тројка е зачетник на новиот бран
мали возила: Fiat и Ford се следните што ќе исфрлат заеднички развиено возило.
Тоа што н¢ интересира како автомобилски
магазин е дали Aygo заслужува да му се довери да ги вози младите на овој свет?
Кускулето со 3,41 метри е снабдено со две воздушни перници, за разлика од Logan
нуди предзатегнувачи на ремените и има вентилирани сопирачки дискови. Тоа го
прави џин на полето на безбедноста. Нема сомнеж, по надворешната големина и
цената веќе не може да се суди за зрелоста на возилото. Па дури ниту кога
возило како тестираново чини 9.990 евра, со клима-уред, пакет електрика и чифт
воздушни перници повеќе од основниот модел.
Aygo не се плаши да го пробие
звучниот ѕид од 10.000 евра. Во верзијата Volume со пет врати чини 10.290 евра,
триста повеќе отколку со три врати. Доплатата за комплетен број врати вреди.
Вистина е дека се работи за градско возилце, но вистина е и дека младите не живеат
како самотници. До овде, до онде, секогаш ќе се најде друштво, а откако тоа ќе
се смести одзади, на возачот и на совозачот им претстои мачно враќање на
седиштата во првобитната положба.
Младешка лекомисленост се чувствува во
однесувањето на Aygo при возењето. Динамична, создадена за уживање во возењето
и за брзо протнување низ градскиот центар, но за оваа класа претврдо дотерана,
Toyota со возниот комфор повеќе личи на вистински спортист.
Aygo ги пренесува попречните споеви и
нерамините на патот како суви удари врз патниците. Јапонецот тропа како дрво
при бавно минување преку ударните дупки. Сепак: меѓуоскиното растојание што е
примерно големо за олку кусо возило спречува секакво потскокнување на
каросеријата ваму-таму. Носивоста остава мали резерви. Само 315 килограми
носивост се малку дури и кога се работи за чисто градски автомобил.
Toyota Aygo 1.0 Volume
Технички податоци
Линиски трицилиндарец · четири вентили
по цилиндар · зафатнина 998 цм3 · силина 50 кЊ (68 КС) при 6.000/мин · вртежен
момент 93 Нм при 3.600/мин · преден погон · пет степени · независна суспензија
напред, торзиска оска со спирални пружини одзади · багажник 130/782 литри ·
резервоар 35 литри · д/ш/в 3410/1615/1465 мм · тежина 865 кг · Вмаџ 157 км/х ·
Тест-вредности: 0-50/0-100 км/х
3,8/12,6 с · потрошувачка 5,8 л/100 км
|