Третата генерација на RAV 4 порасна.
Но, само со димензиите. Цените се едвај повисоки,
RAV 4 ја промува својата муцка на
пазарот на автомобили во 1994 година. Прво срамежливо, но како што минуваше
времето - поагресивно. Компактен, темпераментен, со симпатичен дизајн и
прифатлива цена ги освои срцата на купувачите. Малиот спортски теренец на
Toyota бележеше најдобри продажни резултати во класа. Успехот се должеше на погодениот
концепт и на слабата конкуренција. Првата генерација дивееше на пазарот.
Малечкото со три врати им годеше на младите, додека поголемиот брат со пет
врати беше избор на семејни луѓе што имаа потреба од автомобил со зголемена
проодност за викенд. Toyota не заспа понесена од славата.
{shsmoothslideshow rav4}
Набрзо дојде и
втората генерација. Новаков беше поголем, позрел, со помоќни мотори, а подоцна
и со дизел. Каросериските варијанти со три и со пет врати останаа. Исто така,
остана и печатот во дизајнот. Се лудуваше за верзијата со дизел во носот, но
сега конкурентите на RAV 4 се намножија. И одеднаш купувачите побараа нешто
ново. Ниската цена повеќе не беше единствен предмет на интерес. Со нетрпение се
очекувааше третата генерација. Toyota мораше да понуди сериозен автомобил со
зрел настап.
Верзијата со три врати отиде в пензија.
Моделот со пет врати од третата генерација остана сам. Нему Toyota му дозволи
да порасне самоуверено. Во должина дури 13 cm, но не и со цена. Новиот модел е
100 евра поскап од претходникот, кој со ниво на опрема Executive чинеше 29.900
европски монети. Новаков оди малку повисоко и ја заокружува цената на 30.000
евра. Не е малку, но доаѓа целосно опремен, вклучувајќи и седум воздушни
перничиња, автоматски клима-уред, радио со цеде, патен компјутер итн.
Поголемите димензии се чувствуваат во
кабината. Повеќе место за нозете одзади и поголем багажник. Напумпаната кабина
нуди подеднакво многу простор и во ширина. Сепак, назад не се препорачува трет
патник. Проблем е тврдото и лошо обликувано средно седиште. Но, ова не е с¢.
Потпирачите за глава на задните седишта имаат само еден заб. Или се залепени за
седиштето или ѕиркаат високо. Ако не сте дете или, пак, ако не сте висок два
метра, заборавете на потпирањето на главата. Затоа задната клупа е поделена во
сооднос 1/3 со 2/3 и може да се поместува или целосно да се отстрани со еден
потег. Доволно е повлекување на рачката во багажникот и RAV 4 се претвора во
товарно комби со волумен од 1.752 литри.
Лоша изведба и на потпирачот за раце
меѓу предните седишта. Подигнатиот капак се ниша лево-десно како да е испаднат
од лежиште или скршен. Затворената преграда пред совозачот, која се отвара и
затвора со притискање на копче, е интересна и практична. Притоа секое
притискање на копчето не гарантира дека капакот ќе ја послуша наредбата. Вакви
забелешки има многу. Арматурата и разиграните детали се за секаква критика.
Исто и користените материјали. Тука се штедело, а дизајнерите како да ги
исцрпиле идеите и £ рекле збогум на естетиката. Насекаде само расфрлани модерни
елементи и толку. Во Toyota ја фаворизирале практичноста. Ова користи, но не
треба да е на сметка на убавината. Така не се привлекуваат сериозни купувачи.
Бензинскиот дволитарец со 150 КС е
бучен и бара високи вртежи, а менувачот е непрецизен. Погонот на сите тркала
надгледуван од електроника нуди безбедни возни својства во спрега со прецизното
управување и електронската контрола за стабилност VSC+. На ова се надоврзува и
блокадата на средишниот диференцијал, која помага при поаѓање на лизгав терен.
Дури и на макадам комфорната амортизација ги пегла ударните дупки. Но, треба да
се има на ум дека RAV 4 не е чистокрвен теренец. Се чини дека јапонските
инженери повеќе се посветиле на механиката и завршиле одлична работа.
Технички податоци
Toyota RAV 4 2.0 Executive
Бензински R4 · четири вентили по
цилиндар, dohc · зафатнина 1.998 cm3 · моќност 112 kW (152 КС) при
6.000/min · вртежен момент 194 Nm при 4.000/min · петостепен мануелен менувач
со блокада на средишен диференцијал · погон на четири тркала · празно возило
1.465 kg · носивост 605 kg · гуми 215/70 R 16 · багажник 585 литри · д/ш/в
4.395/1.815/1.685 mm · меѓуоскино растојание 2.560 mm · резервоар 60 литри · забрзување до 100 km/h за 10,6 s · Vmax 185 km/h ·
потрошувачка 8,6 l/100 km (S)
|