Get Adobe Flash player
Тест: Toyota RAV4 2.2 D-4D
11.04.2007
dsc00159Швајцарско ноже е изум стар 116 години. Тоа што во минатото се користело само за потребите на армијата на Швајцарија денес е задолжителна опрема на секој излетник.

Далечната 1891 година армијата на Швајцарија ја согледала потребата од еден ваков повеќе наменски нож кој воедно служи и како орудие и одлучила да ги опреми своите војници. Ваква визија имаа и одговорните во Toyota кога во 1994 година на јавноста и го претставија RAV4. Оригиналниот „Soft-roader” одсекогаш им се обраќал на луѓе кои бараат урбан теренец чија ролја се заснова на имиџ со теренски манири место екстремна способност за на терен.

dsc00160

 

 

 

 

 

 

 

 

Истото важи и за швајцарското ноже. Секојдневно не му ја вадите душата терајќи го да извршува задачи за кои постојат многу посоодветни наменски алатки. Него, го купувате од мерак. Да го имате, да се перчите и да раскажувате дека вашиот „швајцарец” е чудотворен: таму и таму со него сте направиле тоа и тоа. Истото важи и за RAV4. Модерниот SUV на Toyota е тука за да ви го направи животот поубав. Главно боиште на  RAV4 ќе му бидат градските улици и широките автопати. Ретко со него ќе се симнете од асфалт. Но, кога ќе затреба RAV4 го може и тоа. Да лебди преку нерамниот макадам да мине низ бара или поточе и удобно да ве однесе до излетничкото место и уште поважно да ве врати дома.

Сличноста со швајцарското ноже е очигледна. Од него не се бара да извршува тешки задачи како чистокрвен теренeц туку сестраност. Да видиме од каков ков е швајцарецов на Toyota.

Поставен на сосема нова платформа новиов RAV4 е многу поголем од автомобилот што го заменува. Поради тоа напред има многу простор, додека назад е огромен. Со многу место за глава и за нозе. Единствено оние што ја надминуваат 2 метри височина ќе имаат проблем со сместување на колениците. Вреди да се спомене дека иако Toyota порасна, сеуште е помала од лутите конкуренти Honda CR-V и Nissan X-Trail кои нудат повеќе простор.

rav43

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сепак, лизгачка задна клупа е одличен потег, а задоволува и големината на багажникот од 450 литри кога седиштата се исправени, доволно за сите дребулии кога се оди на излет, до максимални 1.752 литри. Уште кога во Toyota би поставиле поделена задна врата место незгодната едноделна плоча која се отвора странично би било супер.

Опременоста е одлична дури и основниот модел Comfort има клима уред, радио со CD и MP3, електрика на прозорци, електрика на ретровизори со греење, централна брава со далечинско, светла за магла...

Под кожата се направени многу пообемни измени. RAV4 сега се гордее со системот (ATC) Active Torque Control или активна контрола на вртежниот момент. Системот најчесто ги задвижува само предните тркала, но кога подлогата ќе стане лизгава назад префрла до 45 проценти од моќта на моторот. Покрај (ATC) погонот на RAV4 го надглетува контрола на тракција и ESP. За полесно тргнување на нагорнина во системите е вкомпониран и (HAC) Hill – start Assist Control. Овој систем го држи автомобилот во место кратко откако рачната сопирачка ќе биде спуштена.

RAV4 се вози како голем караван. Исто како и неговиот претходник новајлијава заслужува највисоки оценки за неговото однесување на пат. RAV4 сеуште нуди најпрецизно доживување безмлаку како во автомобил. Подвозјето е комфорно, а управувањето прецизно со минимално отстапување од зададената линија во свијок. Дури и кога ќе се збогувате со асфалтот не се случува ништо драматично. Подвозјето ги пегла нерамнините, вибрациите неочекувано малку се пренесуваат на управувачот, а големиот вртежен момент расположив од ниски вртежи дозволува мрзеливост при посегање по рачката од менувачот. Шесстепениот менувач му овозможува на возачот да извади максимум од 2.2 литарскиот дизел кој Toyota го нуди во две изведби.

Врвната спецификација на D-4D остварува 180 коњски сили и не се нуди на нашиот пазар бидејќи е осетлив на нечисто гориво. Затоа пак македонските вљубеници во RAV4 на располагање го имаат не пребирливиот D-4D со 136 коњи. D-4D со 180 КС можеби е врвен атлет, но повеќето купувачи и на Запад ќе се одлучат за смирената верзија на D-4D со 136 КС која нуди одличен соодност вложено добиено.

Сомнежите дека послабиот дизел е немоќен паѓаат во вода кога ќе се седне зад управувачот. Префрлете во прв степен отпуштете го педалот од спојката и RAV4 почнува да тегне и да влече како да го бркаат триста ѓаволи. И кога на омилената дестинација ќе пристигнете со просечна потрошувачка од 6,6 литри тогаш ќе знаете дека сте го одбрале вистинското.

Технички податоци:

Toyota RAV4 2.2 D-4D

Дизел R4 со турбонатполнење · 2 брегасти оски во глава · четири вентили на цилиндар · зафатнина 2.231 cm3 · моќ 100 kW (136 КС) при 3.600/min · вртежен момент 310 Nm при 2.000/min · шестостепен мануелен менувач · погон на 4 тркала · д/ш/в 4.395/1.815/1.685 mm · меѓуоскино растојание 2.560 mm · багажник 450 до 1.752 литри · резервоар 60 литри · забрзување до 100 km/h за 10,5 s · Vmax 180 km/h · потрошувачка просек 6,6 литри

 

 

 

Facebook