Caddy Life во речиси сe е исто толку
добар колку Touran, но е многу поевтин. И уште, исто толку важно, се покажува како одличен забавувач
Порано уште на прв поглед ќе го
оценевме: Комби! Автомобил за занаетчии, за градење викендичка, за луѓе што
сакаат да носат с¢ со себе. Денес во проспектот на VW пишува: „Caddy Life”.
Caddy Life! Тоа веќе потсетува на Lifestyle. Никаде не се споменува товар.
И не изгледа како носењето товар да му
е главна преокупација. Кај оваа генерација на Caddy нема куќичка за полжав
поставена врз шасијата, туку има голема коцка со огромни прозорци. Во оваа
куќичка може да се проживее добро. Има држачи за детско седиште, преклопна
задна клупа, отвори за воздух што го снабдуваат со свежина просторот одзади.
Електриката на прозорци и централното заклкучување се во серија. С¢ е исто како
кај вообичаен автомобил.
{shsmoothslideshow vwcaddy}
Сепак, VW го става Caddy Life меѓу
доставните возила. Што има тој заедничко со мајсторско комби? Па, на пример,
камионската крута оска одзади со листести пружини, што VW ја вградува и во
спартански опремените доставни верзии. Кај Life е изведена да има повеќе
комфор, но и покрај тоа затресува кога ќе се помине преку шахта на улица.
Јасно е зошто има токму ваква оска.
Поиздржлива е, повеќе носи и чини помалку. Со седнат возач, внатре може да се
натоварат уште 452 килограми - кај верзијата со атмосферски дизел со 70 КС.
Турбодизелот со 105 КС смее да тегне 640 килограми.
Caddy е голем автомобил. За разлика од
Kangoo, кој користи платформа од малечкото Clio, Caddy стои на основа од Golf.
И во кокпитот возачот ќе почувствува Golf и Touran каде и да посегне: убаво
дизајнирани тркалезни инструменти, грижливо изработени прекинувачи, хромирани
рачки во вратите и прецизен менувач. Повеќе од 50 проценти од деловите кај
Caddy потекнуваат од Golf и од Touran. Затоа си го поставуваме прашањето: Зошто
на семејствата би им бил потребен скапиот Touran ако за поевтино можат да возат
Caddy Life? Ако се заборави крутата задна оска, кутиичкава се вози исто како
Golf. Само што се добива поубава перспектива, од повисоко.
И многу е практично. Двете лизгачки
врати што се добиваат во серија тивко се отвораат. Може да се доплати и за
поделена задна врата, која се отвора како врата од шупа. Откако ќе се соборат
седиштата во обложениот заден дел собира два маунтинбајка. Пресметано во литри,
таму собира 2.239 литри, исто колку детско базенче за во двор. Како опција може
да се добијат уште две седишта, за 529 §.
Сигурно не би биле одушевени како Caddy
Life со послабиот дизел ќе се снаоѓа со седуммина седнати внатре. И вака, со
пет седишта, смее да тежи малку над два тона. Атмосферскиот дизел има само
малку поголем вртежен момент од другите мотори од оваа класа, постигнат,
главно, со директното вшприцување на горивото, но и тоа е сосема доволно за
малку порелаксирано да се совладаат кусите нагорнини. Високи брзински просеци
не се за очекување, единствена утеха е тоа што моторот рамномерно ја ослободува
моќта и лесно ги прифаќа вртежите. Во град малата моќ се забележува помалку,
благодарение на скусените преносни односи во првите два степена на менувачот.
Трендовски расположениот Caddy с¢ уште
не е евтин автомобил. Овој што го возевме чини 20.528 евра, со Climatic (1.198
§), радио со цеде (167 §), Colour Concept (алу. бандажи, кожен управувач,
каросериски детали - 1.101 §), магленки (167 §) и резервно тркало за 53 §.
Голата верзија се добива за 17.845 §. Сепак, цените кај VW се чини дека се
релативна работа. Купувачите се свесни дека за користен VW ќе добијат повеќе
пари на пазар.
|