Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Тест: Volkswagen Passat 2.0 TDI
02.04.2007
passat01VW отиде предалеку во конструирањето на народната кочија. Грижата за детали и задоволство при возење се убави карактерни особини, но чинат многу

Првата средба со Passat никого не може да го остави рамнодушен. Растегнат во должина, многу хром, лут поглед и цврстина - како да е исклесан од гранит. Зар вака би требало да личи еден автомобил што сака да биде блиску до народот. Автомобил што треба да е достапен, штедлив, едноставен и евтин за одржување. Гледајќи го, сосема несвесно се наметнува прашањето: колку народен автомобил има во овој VW Passat?

Затоа што германскиот производител на автомобили за народот кога е во прашање Passat отиде далеку. Можеби, предалеку. Но, дали е тоа, навистина, така или се работи за впечатоци? Големово милениче од VW е лимузина што е изградена врз продолжена платформа на Golf V. Значи, механиката е од компактната класа. Тоа и не мора да биде лошо бидејќи моторот, менувачот, подвозјето и управувањето се најдоброто што може да биде понудено во класата. Тука инженерите од VW се погрижиле за задоволство при возењето. Максима што досега се поврзуваше само со ковачницата на автомобили од Минхен накитена со стилизиран бело-син пропелер врз носот.

{shsmoothslideshow passat} 

Директното електрично сервоуправување толку прецизно ја води лимузината низ свијоци што на моменти се чини дека управувате со компактниот близнак. Подвозјето е изненадувачки цврсто. Реагира круто на кратки нерамнини, што не би смеело да си го дозволи една лимузина. Од друга страна, пак, на овој начин е платен данокот за добро држење на патот. Но, Passat е, пред с¢, лимузина наменета за долги патувања, а не градски тркач. Со лимузинскиот карактер не се совпаѓа ниту остриот звук на дизелот.

Оваа појава е условена од конструкцијата на моторот, кој во секое време татни од моќ и во спрега со шестостепениот мануелен менувач со леснотија го повлекува автомобилот тежок 1,5 тон. Моќта доаѓа од неговиот вртежен момент, чиишто 320 Nm се на располагање од 1.800 до 2.500 вртежи. Одлично за на автопат кога само притискањето на педалот до под е доволно за престигнување при висока брзина. Поради ова долгите патувања се претвораат во вистинско задоволство.

Уште поголемо кога ќе се застане на бензинска пумпа. Штедливиот агрегат искажува грижа за џебот на сопственикот. Производителот најавува просек од 6 литри дизел. Во практика потрошувачката се зголемува. Но, најчесто причина е тешкото стапало на возачот. Сосема разбирливо бидејќи автомобилот тера на динамично возење.

При првото влегување во автомобилот преовладува чувството дека сте стари познајници. С¢ е на свое место, а ракувањето со копчињата, вртливите регулатори и рачките зад управувачот е природно. Тука Passat покажува дека е автомобил создаден за народ. Грижа за удобен престој на патниците во кабината. Предните седишта нудат добра поддршка. Седењето е релаксирано, ергономијата совршена. На задната клупа место има и повеќе од доволно. Дури и кога седишта од првиот ред се вратени назад докрај.

Ентериерот остава чувство на трајност. Како внатрешноста да е излеана од едно парче. Завршната обработка е на високо ниво, а вниманието за детали одушевува дури и во просторниот багажник со полно резервно тркало со леснометален бандаж во подот. Разочарува само апликацијата од дрво на арматурната табла. Иако станува збор за вистинско дрво финишот е непримерен, со што е постигнат обратен ефект. Личи на обоен вештачи материјал. Сето ова е зачинето со богата сериска опрема.

Да се наброи опремата со која обилуваше верзијата Highline би било премногу. Да споменеме само дел од неа: двозонски клима-уред, радио со цеде + MP3, парк-пилот, телефон, електрична завеса назад, функција auto hold... Вака опремен VW Passat се доближува до една класа повисоко. Но, с¢ уште е далеку од луксузниот сегмент каде што сака да биде сместен.

Технички податоци

VW Passat 2.0 TDI Highline

Дизел R4 со пумпа-вшприцувачка и турбонатполнење · четири вентили по цилиндар, dohc · зафатнина 1.968 cm3 · моќност 103 kW (140 КС) при 4.000/min · вртежен момент 320 Nm при 1.800 - 2.500/min · шестостепен мануелен менувач · погон на предни тркала · празно возило 1.550 kg · носивост 510 kg · гуми 215/55 R 16 · багажник 565 литри · д/ш/в 4.765/1.820/1.470 mm · меѓуоскино растојание 2.710 mm · резервоар 70 литри · забрзување до 100 km/h за 9,8 s · Vmax 209 km/h · потрошувачка просек 6 литри дизел

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook