Get Adobe Flash player
Возевме: Peugeot 308 SW
30.05.2008
peugeot-308-sw.jpgPeugeot го претстави 308 SW, нов член на семејството 308 и наследник на успешниот 307 SW. Новиот SW го возевме минатата седмица на презентација организирана на Сардинија.

308 SW се појавува на пазарот шест години по претставувањето на оригиналниот 307 SW, кој благодарение на иновативната концепција се продаде во повеќе од 900.000 примароци. Според првите искуства 308 SW го надминува својот претходник во секој поглед. Логично! Peugeot со 308 веќе ги помести квалитативните границите, а истото го прави и со 308 SW. Колку за пример: 308 ниже неверојатен успех, само во месец март глобално се направени преку 160.000 нарачки што е бројка за респект.

peugeot-308-sw-1.jpg


 


 


 


 



За разлика од својот претходник кој во зависност од изведбата, со/без панорамско стакло носеше две имиња 307 SW или 307 Break, 308 SW е само еден. А дали погледот на патниците ќе го милува небото зависи од изведбата, односно нивото на опременост.

308 SW е значително поголем од 307 SW, подолг е за 71 mm, поширок е 53 mm и понизок е за 13 mm, додека меѓуоскиното растојание е за цели 100 mm поголемо во однос на 308. Нуди повеќе простор од 307 SW, а багажникот има зафатнина од 674 литри. Бројката важи кога вториот ред седишта е на место и ролетната го покрива багажникот. Кога седиштата ќе се отстранат се добива импресивен простор од преку 2 кубни метри што е на ниво на комерцијално возило.

peugeot-308-sw-2.jpg


 


 


 


 



Патниците одзади седат на три одвоени седишта, а по потреба на располагање се дополнителни две седишта во третиот ред. Тие во повисоките нивоа на опременост доаѓаат сериски, а во пониските можат да се докупат. Оваа опција не е можна само кај моделите со метален кров каде трите одвоени седишта одзади се заменети со клупа, како кај 307 Вreak, но затоа пак таа е деллива во сооднос 60:40.

peugeot-308-sw-3.jpg


 


 


 


 



Практичноста е најголемиот адут на 308 SW. Задните седишта можат да се преклопат или по потреба целосно да се отстранат. Седиштата во вториот ред се местат по должина и благодарение на држачите во подот може целосно да се отстранат или да има две место три седишта со многу простор по ширина за двајцата патници. Седиштето од средина по оваа операција не мора да се остави дома. Може да се постави во третиот ред, а доколку е потребен поголем багажен простор истото останува преклопено.

За третиот ред седишта не e предвиден некаков Flex систем омилен кај вановите. Ако се возат лежат во багажникот и го смалуваат волуменот. Но, предност е што лесно се вадат, а со тежина од 18 kg и лесно се качуваат дома. Јасно е зошто во Peugeot примениле вакво решение. Кога не се потребни зошто да завземаат простор.

peugeot-308-sw-4.jpg


 


 


 


 



Токму кај седиштата инженерите на Peugeot примениле една генијална досетка од доменот на безбедноста. Секое од седумте седишта испраќа сигнал доколку на него седи патник, а не е врзан со ремен.

Сигналот вообичаено се испраќа преку жица, но не и кај 308 SW. Поради можноста за вадење и враќање на седиштата ако поврзувањето е на класичен начин сопственикот мора да го приклучува или исклучува системот при секоја операција. Голема е веројатноста ова да му здодее после само првото вадење/ставање и да ја наруши безбедноста. Затоа во Peugeot одлучиле да користат Wifi, безжичен систем од сензори што значи дека системот функционира секогаш независно од трудољубивоста на сопственикот.

peugeot-308-sw-5.jpg


 


 


 


 



Пристапот до багажникот е преку голема задна врата со праг поставен ниско за лесно товарање. Плус тука е задното стакло кое се отвора посебно заради оставање на помали торби на тесен паркинг. Дел од багажникот е и преносната акумулаторска светилка.

peugeot-308-sw-6.jpg


 


 


 


 



Значи кога станува збор фамилијарна употребна вредност на една комби верзија поставена на основа на актуелен хечбек, 308 SW е далеку пред своите конкуренти, дури може да се фати во костец и со многу ванови. 308 SW и се обраќа на публика која од практични причини не е заинтересирана за мал хечбек, но не сака ван поради визуелниот настап и задоволството при возење.

peugeot-308-sw-7.jpg


 


 


 


 



308 SW е убав автомобил. Иако е изведен од атрактивниот 308 хечбек, сепак, дизајнерите во Peugeot успеале да обликуваат една складна целина. Огромното панорамско стакло е развлечено безмалку по цел кров и овоможува и патниците во третиот ред да уживаат во панорамата. Стаклениот кров зафаќа површина од 1.68 m2 и заедно со останатите стаклени површини формира стакленик од 5,58 m2 што го претвора 308 SW во подвижна веранда.

peugeot-308-sw-8.jpg


 


 


 


 



Составено е од три различни слоја кои ја филтрираат светлината и топлината и во кабината пропушта само 17% од енергијата на сончевите зраци. Затоа без гајле дека кабината на сонце ќе се претвори во сауна, а доколку сончевите зраци пречат премногу тогаш на помош доаѓа електрична ролетна која се активира со копче сместено покрај рачната сопирачка.

peugeot-308-sw-9.jpg


 


 


 


 



Под хаубата на 308 SW работат четири бензинци VTi и THP и три дизели HDi. Бензинците се дело на соработката меѓу PSA Peugeot Citroen и BMW имаат зафатнина од 1.4 и 1.6 литри и моќност која варира од 95 до 175 коњски сили. Сите профитираат од варијабилно управување со вентилите, а 1.6 литарците THP имаат трубо надполнење и директно вбрзигување. Со нивна помош се зголемува снагата и се подобрува ефикасноста, односно се смалува потрошувачката.

Дизелската понуда е позната. Станува збор за 1.6 и 2.0 литарските HDi агрегати на Peugeot кои испорачуваат од 90 до 136 коњски сили.    

Новата генерација на бензинци носи и нова генерација на менувачка кутија која за првпат се претставува на 308 SW, а е конструирана од инеженерите на Peugeot. Новиот менувач со шест степени на пренос наречен Mechanical Compact Мanual MCM е вистинско откровение. Менува меко и прецизно и е светлосни години пред својот петстепен претходник.

peugeot-308-sw-10.jpg


 


 


 


 



На Сардинија го возевме 308 SW опремен со 1.6 HDi со 110 КС и 1.6 THP со 150 КС. Познатиот дизел нуди добра комбинација на перформанси и штедливост и притоа ударот во грб го обезбедуваат 240 Nm, со овербуст 260 Nm, вртежен момент при ниски 1.750 врт/мин. Споен со новиот менувач дозволува опуштено возење, но може да биде и изненадувачки брз што е за очекување бидејќи тежи само 95 килограми повеќе од обичниот 308.

Сепак, вистинското изненадување се сокрива во 1.6 литарскиот турбо бензинец со 150 КС. Како и дизелот испорачува максимален вртежен момент од 240 Nm, но при уште пониски 1.400 врт/мин. Спремно реагира на педалот за гас, лесно се врти, добро звучи и најважното, нуди задоволство при возење. Има доволно моќ при ниски вртежи и за опуштено возење не е потребно постојано посегање по рачката од менувачот. Оваа карактеристика посебно е забележлива во тесни и остри свијоци кога и при поживо возење онаму каде личи дека треба да се биде со втор, третиот степен функционира подобро. Тука се менуваат навиките. Бидејќи во понизок степен моторот испорачува толку многу моќност поради што тркалата знаат да пролизгаат.

peugeot-308-sw-11.jpg


 


 


 


 



Забрзувањето до 100 km/h изнесува 9,3 секунди, стрелката на тахото застанува на максимални 209 km/h со просечна потрошувачка од 7,5 литри безоловен бензин.   

Иако е голем автомобил и иако суспензијата е поддесена помеко во однос на 308, 308 SW нуди возна динамика која не отскокнува многу од својот помал брат. Навалувањето на каросеријата дури и во тесни свијоци е мало, однесувањето е предвидливо и без изненадувања поради што 308 SW лесно се држи под контрола.

Управувањето е приказна за себе, прецизно, нуди доволно повратни информации, отпорот на воланот е добро избалансиран и на моменти се чувствува како врската меѓу него и тркалата да е директна без асистенција од сервото. Ова во Peugeot го постигнуваат со вградување на посебен систем и нормално не го откриваат начинот на кој функционира. Сервото е варијабилно и се прилагодува во зависност од брзината на возилото, брзината на свртување на воланот и температурата на маслото.

peugeot-308-sw-12.jpg


 


 


 


 



Од авион е јасно дека фокусот кај 308 SW е ставен на простор, варијабилност, квалитет на материјали, нешта во кои ќе ужива целото семејство. Се нуди во шест пакети на опременост Confort, Confort Pack, Confort Pack Plus, Premium, Premium Pack и Feline.

И ако по некоја случајност не сте задоволни со расположивите 150 КС на помош доаѓа верзијата на 1.6 литарецот THP со 175 коњски сили која одлично работи во обичниот 308 и кого исто така имавме прилика да го возиме за што ќе пишуваме наскоро.


 

 

 

Facebook