|
30.05.2007 |
Специјалистот за Porsche, 9ff
подготви тјунерски пакет со кој високо перформанснaта отворената
верзија на новиот 911 Turbo станува уште пожестока.
Не им требаше долго на момчињата од 9ff, гладни за
моќ, да го префрлат своето знаење од купето во кабриолетот.
Автомобилот официјално беше лансиран од Porsche
во текот на месецот, но специјалистите неможеа да ја задржат возбудата да
се патува побрзо од 350 km/h со отворен покрив и ветер во коса.
Инженерите од 9ff го префрлија
претходниот кит, со кој се добиваа 912 коњски сили во 911 Turbo Coupe, во голиот
автомобил и го добија најжешкото кабрио на светот.
Стариот 9ff Turbo Cabrio со 650 КС успеваше да ја надмине
границата од 350 km/h, а во 9ff веруваат дека овој многу помоќен кабриолет има се што му
е потребно за да ја надмине границата од 400 km/h.
 
|