Нема двојба дека инженерите на на германскиот тјунер 9ff го имале
на ум Bugatti Veyron додека го конструлирале својот долго најавуван супер
автомобил Porsche GT9.
Целта на 9ff е да влезе во историјата како најбрз сериски автомобил
на светот кој ќе вози побрзо од 407 km/h. Тука кога се
спомнува сериско производство пред се се мисли на ексклузивна лимитирана серија
од само 20 примероци кои ќе го здогледаат светлото на денот и ќе најдат свои
купувачи.
Причината за олку многу ексклузувност лежи во цената на
автомобилот која во 9ff ја определуваат на 592.620 евра. Цената не е заокружена
на некоја повисока или пониска сума бидејќи во 9ff велат дека
по сите пресметки цената е таа. Секако на ова треба да се додадат ставките за
транспорт, царина, акциза, данок, регистрација.
Основата на GT9 лежи некаде во Porsche
911, но направените модификации се толку опсежни што лесно може да се каже
дека воопшто не станува збор за иста автомобил.
Напуштен е концептот со мотор назад, GT9 носи мотор
поставен централно кој има зафатнина од 4.2 литри, 6 цилиндри во боксер
распоред со два турбо полначи. Автомобилот е растегнат за 300 милиметри во
однос на донаторот 911 GT3, а кровот му е спуштен за 120 милиметри за да се
обезбедни максиму потисок на подлогата при екстремни брзини. Благодарение на
опсежното користење на крабон-фибер целиот автомобил тежи само 1.326 килограми.
9ff Porsche GT9 беше изложен на салонот во Есен каде
претставниците на компанијата даваа само штури податоци за автомобилот. Она што
се знае е дека моторот има ковани клипови, клипни лостови од титаниум кои
според инженерите се неопходни за да ги издржат притисоците на 987 коњски сили
колку што оставрува оваа енергана, а максималниот вртежен момент од 964 Nm се
остварува помеѓу 5.970 и 7.850 вртежи.
|