Get Adobe Flash player

9ff со модификации за Porsche Panamera
26.08.2009
9ff-panamera-1.jpgСекогаш кога ќе се спомене 9ff јасно е дека станува збор за ѕверски перформанси карактеристчини за модификуваните верзии на автомобилите на Porsche од престижната германска тјунерска куќа.

До сега најчесто сме навикнале да ги гледаме остварувањата на 9ff на тема 911 дури и во форма на комплетно преработениот GT9 кој од брзинскиот трон го симна Bugatti Veyron.

Сепак, времињата се менуват. Со претставувањето на Panamera во Porsche како да им фрлија ракавице влице на специјализираните тјунери кои веќе се натпреваруваат кој ќе прикаже подобра креација на овој т.н. Uber - седан.

Традиционално она што ги интересира инженерите на 9ff во врска со Porsche се нивните турбо мотори, односно турбо модели. Слдствено и новиот проект на 9ff на тема Panamera се врти околу верзијата со турбо мотор.

9ff наскоро на пазарот ќе ја понуди Panamera во три верзии со 550 КС, со 600 КС и со 650 КС вистински претворајќи ја во uber – седан поставен на леснометални бандажи од три дела со пречник од 22 инчи, со комплетно преработен ентериер и ново развиен аеродинамичк кит за каросеријата.

9ff Panamera крстена како PT55 ќе носи 550 КС и максимален вртежен момент од 760 Nm добиени со ремапирање на електронската единица за управување со моторот ECU и нови филтри за воздух со зголемен проток.

Следната верзија по ред крстена како PT60 нуди 600 КС и максимален вртежен момент од мрсни 800 Nm кои покрај горе наведените измени доаѓаат како последица на комплетно новиот спортски издув со цевки со поголем дијаметар за полесно одведување на врелите гасови.

Врвот доаѓа во форма на PT65 со 650 КС кој покрај ретјунираниот издув, ремапираната ECU и сменетите филтри за воздух снагата ја добива со поставување на модификуван турбо полнач способен да пумпа повеќе воздух во цилиндрите.

Огромната жештина што ја произведува вака навиениот мотор се одведува преку дополнителните шкрги отворени во хубата на модификуваната Panamera.

Проектот Panamera на 9ff сеуште е во фаза на развој и се очекуваат уште бројни измени пред автомобилот да биде претставен во својата конечна варијанта и понуден на заинтересираните клиенти.

 
Get Adobe Flash player