|
09.07.2007 |
Личи на игра со букви но не é. Тјунерската куќа на Audi, ABT откри кит наменет за А5 Coupe,
комбинирајќи естетски додатоци, зголемување на моќта, подобро управување и нови
тркала.
Освен типичните измени на предниот и задниот спојлер
новиот AS5 добива и отвори за извод на жешкиот воздух во предното
крило со цел да се подобри ладењето на сопирачките.
А5 опремен со 3.0 литарскиот V6 TDI се очекува
да биде бестселер, затоа во ABT се сконцентрираа на зголемување на моќноста не овој
специфичен мотор.
Со репрограмирање на ECU, моќноста
се зголемува од 240 на 272 коњски сили, доколку сакате дополнителни 30 понија
во ABT ќе ви вградат и посебно развиен турбополнач. Воедно
во ABT уверуваат дека кај нив секој сопственик на А5 без оглед
на моторот ќе може да добие екстра коњи.
Подвозјето исто така е дотерано за да му овозможи на
сопственикот да ја почувствува спортската нота на А5, а за сопирање се грижат
вентилирачки дискови од 380 mm.
Финишот го заокружуваат бандажи од лесен метал со пречник
од 18 и 19 инчи и гуми по ваш избор.
|