Get Adobe Flash player
Abarth 500 `da 0 a 100`
20.11.2008
abart-500-do-0-a-100-1.jpgИако звучи чудно ова е точното име на новата специјална едиција на Fiat 500 која излегува од работилницата на Abarth и има за цел на достоен начин да прослави 100 години од раѓањето на Карло Абарт.

Abarth 500 `da 0 a 100` пристигнува оживувајќи го сеќавањето на тркачите од 70. години од ХХ век. Под хаубата работи турбо бензинецот на Fiat, T-Jet, кој од зафатнина од 1.4 литри извлекува 160 коњски сили и максимален вртежен момент од 230 Nm.

Овие бројки му овозможуваат на Abarth 500 `da 0 a 100` да спринтува до 100 km/h за 7,3 секунди и благодарение на новопресметаните преносни односи во менувачот да достигне максимална брзина од 211 km/h.

И како што прилега на специјалните едиции Abarth 500 `da 0 a 100` ќе биде произведен во лимитирана серија од 101 примерок.

Покрај модификуваниот мотор Abarth 500 `da 0 a 100` нуди и самовентилирачки бушени дискови за предните тркала и само перфорирани дискови за назад кои ги зафаќаат спортски сопирачки облоги.

Понатаму за да се постигне ефектот што самиот Карло Абарт би го сакал за овој автомобил модификувано е и подвозјето. Вградени се нови поцврсти и пониски пружини и соодветни амортизери.

Abarth 500 `da 0 a 100` лежи на уникатни леснометални бандажи со дијаметар од 17 инчи обуени во гуми со ширина од 205 mm Pirelli PZero Nero.

За да нема сомневање за кој автомобил станува збор, беџот на Abarth со легендарната „Шкорпија” е поставен напред и одзади, а на табличката стои евиденција за кој по ред примерок од серијата станува збор.

Abarth 500 `da 0 a 100` ќе биде на располагање само во една боја т.н. Нуволари Сива дополонета со дискретна лента во малку посветла сива боја на која е испишано името ABARTH.

Визуелниот имиџ е потполнет со нови браници со големи отвори за довод и одвод на воздух, странични завеси и дифузор под задниот браник на чии краеви се наоѓаат по две издувни цевки кои дополнително ја нагласуваат потентноста на 500.

Дури и кога ќе се влезе во автомобилот нема двојба за што станува збор. Спортски седишта, ентериер преслечен во кожа, богатство од опрема и бројни натписи Abarth 500 `da 0 a 100`, колку да се знае.


 

 

 

Facebook