Get Adobe Flash player
Abt со нoв тјунерски кит за Touareg TDI
28.03.2008
abt-touareg-1.jpgПриродно моќните турбо дизели се вистинска мамка за тјунерите. Ова посебно ваши за германскиот Abt кој повторно одлучи да му посвети внимание на теренецот на VW со новиот 3.0 TDI.

Abt Touareg 3.0 TDI V6, како што гласи полното име на теренецот, добива значително зголемување на снагата од сериските 225 на окригли 300 коњски сили, додека вртежниот момент од 500 оди до мрсни 600 Nm што е многу близу до вртежниот момент на V10 TDI.

Наведените бројки се доволни да го забрзаат гломазниот теренец до 100 km/h за 8,2 секунди и да го истуркаат до максимални 215 km/h. За запирање на огромната тежина се грижат сопирачките што Abt ги има специјално развиено за користење во светот на трките.

Станува збор за вентилирачки и бушени дискови со пречник од дури 380 милиметри кои ги зафаќаат шест клипни сопирачки клешти. Комплетот е поставен и на предните и на задните тркала.

Нив ги сокриваат леснометални бандажи со дијаметар од 20 или 22 инчи кои заедно со пакетот спојлер, странични завеси и спортската суспензија му даваат на автомобилот уникатен лик.

Добро е што Abt го нуди китот и како комплет, но и како посебни елементи па така оние желни за доработка на својот Touareg кои неможе одеднаш да издвојат голема сума на пари можат да го прават тоа постепено.

Само колку за споредба горе наведениот сопирачки кит чини малку над 4.500 евра без давачки и без монтажа.

abt-touareg-2.jpg

 

 

 

Facebook