Get Adobe Flash player

Abt Sportline Golf R32
27.03.2008
abt-golf-r32-1.jpgИ покрај фактот дека Golf R32 е далеку од спор автомобил голем број на тјунери сметаат дека она што го нуди производителот не е доволно и дека автомобилот може многу повеќе.

Последната трансформација доаѓа од Abt и иако нивниот модел ниту од далеку не е моќен колку, битурбото со 640 КС на HGP, сепак обезбедува доволно понија за брзо минување на било која тркачка патека.

Golf R32 по преработката во Abt го задвижува V6 со 370 коњски сили доволни за да го забрзаат до темпо 100 за само 5 секунди, на серискиот му се потребни 6,2 секунди за истата операција. Зголемена е и максималната брзина која сега изнесува 270 km/h.

Зголемувањето на перформансите доаѓа од цела низа на преработки од кои најважните се вградување на механички компресор и ремапирање на ECU. Визуелниот впечаток го подобруваат само 19 инчните леснометални бандажи. Остатокот се претопува во она што го нуди серискиот модел.

abt-golf-r32-2.jpg

 
Get Adobe Flash player